
После вртењето на шишето ја имате неизвесноста кој ќе бакнете, како ќе бакнете и дали тоа ќе биде во орманот или пред очите на вашите пријатели.
Ех старите добри детски денови, кога ќе се соберевте круг на пријатели, во средината шише кое го пишува сценариото на ноќта.
После вртењето на шишето ја имате неизвесноста кој ќе бакнете, како ќе бакнете и дали тоа ќе биде во орманот или пред очите на вашите пријатели. Но таа игра на тепихот во дневната соба, очигледно имала и подлабоко значење.
УБАВИНАТА НА СОСТАНУВАЊЕТО Е ШТО НИКОГАШ НЕ ЗНАЕШ КОГО ЌЕ СРЕТНЕШ.
Состанувањето е буквално маса луѓе кои трчаат наоколу пробувајќи да најдат некој со кој делат доволно сличности со кои би бил возможен животот. На работа, во дискотека, или на улица каде ќе сретнете некој кој ќе ви го привлече вниманието е навистина непредвидливо.
Ние не знаеме која е, кога или како ќе ја сретнеме личноста со која ќе го делиме нашиот живот. Па така и во играта вртење шише непредвидливоста беше одговорна за адреналинот, а шишето одлучуваше кого ќе бакнете.
НЕ МОЖЕТЕ ДА БИРАТЕ КОГО ЌЕ САКАТЕ, НО МОЖЕТЕ КАКО ЌЕ САКАТЕ.
Но мора да запомните вие мора да давате љубов за да добиете љубов. Дали ќе љубите со сето свое срце или пак секогаш ќе имате некоја си доза на резерва зависи од вас, но моментот кога и поради кого пеперутките во вашиот стомак ќе се разиграат не зависи од вас.
АКО СЕ СПЛЕТКАТЕ СО НЕКОЈ ОД ВАШИТЕ БЛИСКИ ПРИЈАТЕЛИ, СТАВЕТЕ ГО ТОА ВО ОРМАНОТ И ОСТАВЕТЕ ГО ТАМУ.
Навистина лошо искуство е да се впуштите во врска со пријател, а потоа таа лошо да заврши. За да ги избегнете непријатните чувства не раскажувајте наоколу ако некоја бурна ноќ сте го бакнале пријателот, тоа нека остане помеѓу вас двајца. Таа кратка непромислена авантура може да расипе години градено пријателство.
.gif)






















.gif)
























