
И не беше бесчувствителна, ако помисливте на тоа, повеќе беше премногу нежна за да се предаде некому.
И мила и паметна со очи на срна секој ја сакаше за своја пријателка, а и момчињата ја чувствуваа нејзината позитивна енергија и сакаа да бидат во нејзиното друштво.
Меѓу нив имаше и такви на кои навистина вреди да им се посвети час, два па и месеци и години од времето, но таа никако да одлучи да се препушти и да го отвори срцето.
Срце во стаклено ѕвоно
Секогаш со доза на резерва, секогаш на дистанца од секое случување, во бакнежот трепереше со телото, но како самата да ставаше знак „стоп“ на трепетот на срце.
И не беше бесчувствителна, ако помисливте на тоа, повеќе беше премногу нежна за да се предаде некому. Еднаш одамна можеби благо си поиграа со нејзиното срце, а оттогаш таа го стави во непробојно стаклено ѕвоно. Сакаше да се заштити себе си од суровите разочарувања во љубовта, кои би можел да и ги приреди животот. И беше осудена на живот без чувства.
Но така не се живее!
Страв од разочарувања
Не се живее во страв од болка и од изненадувањата на следното утро. Така можеби сте безбедни, но освен од болката се изолирате и од љубовта, среќата, адреналинот и насмевките кои љубениот би можел да ги измами од вашето лице.
Велеше таа дека сака да се предаде, но и самата со неверување ги кажуваше тие зборови. Затоа што тука беа додворувачите, а таа после испиеното кафе очекуваше тие да ја бараат повторно и повторно. Никогаш не сврте нечиј број, не покажа интерес, не вложи труд да оствари вистинска врска со некој од нив, а љубовта го бара тоа, обострано вложување и искреност.
Скриените емоции се болни емоции, затоа што тој ниту ќе ги забележи, ниту ќе ги почувствува, ниту ќе ужива во нивниот благодат и на тој начин тие се осудени на смрт и заборав.
Се е до сигналите
Кога ќе видите момче на патот, чии очи разиграно ве погледнуваат, во неговиот глас има доза на почит, доза на заинтересираност, дадете и вие некој сигнал.
Не бидете восочна кукла, така не наштетувате никому освен себе си. Самите се лишувате од земните задоволства и со изолацијата од секој маж кој ќе наиде во вашиот живот, никогаш нема да постанете нечија љубена, непреболена, една и единствена. Никогаш нема да бидете спомен, симбол на нечија младост.
Ако не се отворите да го запознаете целосно, затоа што душата е пресудна, карактерот, а не фасадата, вие никогаш нема да го пронајдете вистинскиот ваш. Тој не тропа на портите во бел оклоп, тој се движи во толпата во вашиот град, ве гледа со чудна блага насмевка, но тоа е се што ќе остане од искрата, ако не му се насмевнете и вие нему.
.gif)






















.gif)
























