
Денес не е страшно ако му пристапите на момчето кое ви се допаѓа или имате краткотрајна 10 дневна авантура со згодниот Норвежанец.
Без лудости вашиот живот би изгледал како една досадна низа на поврзани вторници. Работа, дома, филм, спиење, па по некое кафе и сето тоа одново и одново. Дури и да имате солидна работа и слатко момче зар не се чувствувате како нешто да ви недостига?
Живот по распоред
Во вашето секојдневие ја немате соодветната доза на адреналин и се што до пред некое време ви изгледаше идеално, хармонично и убаво, сега го имате и почнува да ви се претвора во еднолично, монотоно и досадно секојдневие.
Каде е возбудата кога знаете дека вторник, среда, петок, недела се денови во кои се гледате со партнерот? Знаете дека ќе ви се јави во 17 часот после работа и дека понеделник е ден кога игра фудбал со другарите, а кога ќе дојде кај вас дека ќе седи најкасно до 1 часот по полноќ бидејќи утре е работен ден.
Единствена шанса за авантури
И во сет тој распоред и едноличност почнувате да се гушите вие, но и вашите чувства стануваат конфузни.
Љубовниот сјај полека тоне во едноличните денови и ноќи, а вие водите речиси досаден живот. И зошто во третата декада од вашиот живот да се задоволите со толку кога знаете дека четвртата, петата, шестата и така натаму сигурно ќе го имаат ова забавено темпо.
Третата декада е време во кое треба да креирате спомени, да склопувате многу нови пријателства, да го барате вистинскиот, да се опуштите со чашка од вашиот омилен пијалак, па и да си дозволите понекогаш да заминете мамурни на работа.
Сами направете си ги дваесеттите години животна авантура.
Креирајте спомени
Изолирајте се од се и секого кој го забавува вашето темпо. Не дозволувајте да се фатите дека сте постанале старица заробена во тело на млада девојка, еден ден каењето нема да ви ги врати залудно поминатите слатки години, а вие носталгично ќе гледате кога имавте двојка пред вашиот број на години. Потоа следуваат и деца и брак и сметки и кредити и што уште не.
Сега имате време да си посветите на сами себе, денес не е страшно ако му пристапите на момчето кое ви се допаѓа или имате краткотрајна 10 дневна авантура со згодниот Норвежанец кој го сретнавте на годинешниот одмор. Зграпчете го денот, зграпчете ја ноќта, добрите спомени се она што ќе остане.
.gif)






















.gif)
























