
Тогаш ја чувствувате вистинската магија на бакнежот, а секој нареден ви создава слатки пеперутки во стомакот.
„Бакнежот е средба најубава на свет, мост на кој си идат душите во пресрет, а мојата те чека на пола пат...“ или пак „Еден бакнеж и магија се стори, мојто срце капија ти отвори“ ќе каже Владо Јаневски, можеби и вие ќе го споменет ех тој првиот или со блага насмевка ќе се сетите на трепетните бакнежи со саканиот. Материјализирање на чувствата преку прегратка и бакнеж, но понекогаш и само искра која ќе згасне за неколку ноќи, па нели дури и од бајките знаеме – неколку жаби пред принцот.
Слатки бакнежи
По игра на случајности, пијана ноќ и желба за забава или пред шармот на некое момче сигурно и вие сте бакнале такви кои денес можеби и не се најсјајната точка од вашето минато, но на нив гледате без ни малку каење, бидејќи во тој миг сте го сториле она што сте го посакувале.
Тешко е да се пронајде принцот, па така на страните низ животот и вие имате попатни станици. Некои од нив подолги некои пократки, некои помонотони, некои послатки и се така низ едно патешествие кога една од нив ќе стане подобра од секоја друга помината, но и слична на онаа замислената и тогаш застанувате тука. Се прикотвувате и се бакнувате со страста на сето свое битие. Тогаш ја чувствувате вистинската магија на бакнежот, а секој нареден ви создава слатки пеперутки во стомакот. Хемијата постанува физика, а вие без него не можете да си го замислите денот.
Магијата на бакнежите ја потврдуваат и истражувањата кои покажаа дека мажите кои ја бакнуваат сопругата наутро пред да заминат на работа живеат 5 години подолго од останатите. Секој бакнеж е дневна доза на љубовта и зачин на секојдневието.
Интересни факти:
Според американски статистички податоци, една американка во просек бакнува околу 80 мажи пред да се омажи.
Сензитивноста на усните е 200 пати поголема од сензитивноста на прстите.
Телата на оние кои се бакнуваат произведуваат супстанца која е 200 пати помоќна од морфиумот.
Во просек, една личност поминува 2 недели од својот живот во бакнување.
Филм со најмногу бакнежи е Дон Жуан од 1926 година во кој Џон Беримор и Мери Астор споделија 127 бакнежи.
.gif)






















.gif)
























