
Кога само ширум ќе ги отворите картите сфаќате дека љубовта е вашиот последен ас во ракавот, дека на масата нема ништо повеќе за што би се бореле.
Се паѓа во вода кога само ќе ги погледнете неговите очи, сите заклетви, ветувања пред себе или пред останатите дека нема да бидете со него, за само еден миг заборавате дека тој не може да ви понуди никаква иднина и се препуштате и тонете во неговата прегратка.
Спротивен на критериумите
Љубите несовршен... Тој има едвај неколку од вашата листа на критериуми.
Започнете со бојата на неговата коса, цел живот обожавате момчиња со црна коса, а неговата коса посјајна и од сонцето, продолжете со некои особини од карактерот кои порано биле на вашата црна листа, а денес најдовте токму таков кој ги поседува во изобилство, но и покрај сите „против“ вие не можете да се откажете од вашето слатко задоволство.
Нема правила
Можеби не може да ви понуди сјајна иднина или пак е неколку години помал од вас или пак неговата мајка е ваша смртна непријателка, но вие сепак не сакате да си го замислите денот без него. Срцето не љуби по правила и прописи, тоа може да го избере најнесоодветниот на вашите барања. Вие со вашата љубов го правите совршен, а другите со неверување гледаат и грабаат по вас како ѕверки за да ги симнат розовите очила од вашите очи.
Пријателките можеби добронамерно советуваат, родителите проповедаат, но вие и глуви и неми и слепи продолжувате понатаму. Вашиот сладок грев ве прави зависна.
Кога само ширум ќе ги отворите картите сфаќате дека љубовта е вашиот последен ас во ракавот, дека на масата нема ништо повеќе за што би се бореле.
Сон за совршенство
Се обидувате да се замислите таму некаде далеку во туѓа прегратка, рака под рака со некој кој ќе соодветствува на вашите критериуми и го гледате во маглата, речиси совршен, но не чувствувате топлина. Никаков зрак не допира до вас, никаква топлина не ја грее вашата душа, иако тој е вашиот маж од соништата.
Се гледате и вие во маглата насмевнати однадвор, празни однатре, тој дарува се, но вие не можете да му подарите ништо повеќе од бесчувствителност. Гледате како сте собрале храброст да заминете од вашиот несовршен, но и јасно како ден гледате празнина во вашите гради. Срцето ви останало во негова сопственост, а само разумот ви ги води чекорите кон новиот маж.
И таа празнина за миг ве враќа во реалноста и како исплашена срна повторно јурите кон прегратката на несовршениот и сфаќате дека сакате само да љубите, а во таа чест ќе ја моделирате сликата за совршенство во слика за љубов.
.gif)






















.gif)
























