
Во моментов можеби размислувате дали тој е слободен во петок вечер и причината сигурни сте дека е тоа што ви недостига и сакате да го видите.
Раскинавте со него и никако да се вратите во нормала? Сега е вистинското време за тоа. Овие 4 правила повеќе од сигурно е дека ќе ви помогнат да го преболите и престанете со мислите дека се уште имате чувства за него.
Следете го 30-минутното правило!
Во моментов можеби размислувате дали тој е слободен во петок вечер и причината сигурни сте дека е тоа што ви недостига и сакате да го видите. Но најверојатно не е така! Вие или сте осамени или ви е здодевно и помислувате на него бидејќи тој беше покрај вас речиси секогаш оваа ноќ за состанок или одевте на кафе со бившиот.
Искористете го 30-минутното правило и кога имате потреба да му се јавите или да му пишете порака, направете нешто што ќе ви го одвлече вниманието, излезете да се возите на стаза или седнете на вашиот омилен форум. Звучи премногу едноставно и не верувате во резултатите, но шансите дека после половина час фокусираност на нешто друго, ќе бидете во помало искушение да му се јавите се огромни. Ќе видите дека тоа било само моментален нагон.
Најдете повеќе работи на кои би можеле да се фокусирате во овие мигови.
Идентификувајте ги вашите предизвикувачи (Фејсбук)!
Повеќето жени имаат специфични предизвикувачи, нешто што ќе ги потсети и ќе направи да мислат на него.
Размислете неколку минути околу тоа кои ситуации прават да се чувствувате лошо околу раскинувањето, како на пример демнењето на неговиот Фејсбук профил, слушање на бендот кои двајцата го обожававте, одење во вашиот омилен ресторан и слично.
Сега е време за акција! Блокирајте го на Фејсбук барем привремено или извадете ги работите од плакарот кои ве потсетуваат на него. Кога сте скршени, сте ранливи и емотивни, па затоа е добро да се ослободите од сите тие работи.
Јавете се на вашата најзборлеста пријателка!
Која би била најдобрата занимација која би можеле да ја најдете? Стариот добар женски разговор!
Проблемот е што често овој разговор се претвора во зборување за момчето или воскреснување на врската. Сигурно е убаво кога некој се става во ваша кожа, но тоа е само еден нов начин да мислите на него. И многу ретко после тие разговори заминувате чувствувајќи се подобро за вашиот нов статус, сингл.
Треба да престанете да се прашувате себе си каде е, што прави и дали има нова девојка. Па затоа јавете се на најзборлестата пријателка, која би зборела и со ѕидот ако треба. Вам ви е потребен некој кој ќе го води разговорот и ќе наметнува теми за злобната колешка од работа или за патувањето на кое сака да појде и слично. Не е воопшто важна темата, важно е само да не се спомене неговото име повеќе од еднаш или два пати.
Направете листа!
Со бура на идеи сетете се на 3 причини поради кои сте подобра без него отколку со него, без разлика дали тоа се неговите несогласувања со вашата мајка, неговата недоволна поддршка или различниот вкус во филмови.
До сега ја гледавте вашата врска низ розови очила, но време е да размислувате реалистички околу тоа зошто сте подобра без него. Кога еднаш ќе ја видите големата слика ќе сфатите дека тоа момче не е добро за вас само затоа што со него се чувствувате комфорно и на тој начин ќе спречите да му се вратите повторно.
.gif)






















.gif)
























