
Сите проблеми и обврски задолжително оставете ги зад врата.
Вам не ви недостасуваат идеи и желби за да го усреќите саканиот. Сигурно знаете дека еден од начините да го направите тоа е да му подготвите еден поинаков состанок. Еве на пример, романтична вечера!
Воопшто не е важно дали сте на почеток од врската и сакате да го импресионирате со своите креативни и романтични идеи или едноставно, сакате да ја разбиете секојдневната рутина во која почна да изостанува размената на нежности и страсти. Верувајте дека вреди да се потрудите околу условите на атмосфера која тера на сладок грев, затоа што веќе следното утро ќе се разбудите како негова божица.
И сигурно веќе претпоставувате што ве очекува откако вкусно ќе го нахраните саканиот. Не заборавајте секој чекор од подготовката на романтична вечера да го зачините со доволно љубов и романтика, затоа што ова ќе биде уште една ноќ за паметење.
Љубовни честички во воздухот
Најважно во подготовката на романтичната вечера е да создадете атмосферата, а за таа цел кујната не одговара најдобро.
Подобро вечерата однесете ја во дневната или во спалната соба, на мало масиче.
Романтиката подразбира пригушено светло, а тој ефект најдобро ќе го постигнете со свеќи поставени во свеќници. Единствено, не заборавајте на безбедноста во домот, доколку заборавите да ги изгасите.
Љубовна арома
Атмосферата дополнете ја со љубовна арома или едноставно заведете го со мирис.
Поставете арома ламба со капки од етерично масло. За релаксирање и будење на чувствата, можете да искористите масло од сандалово дрво, жалфија, рози, јасмин или ванила.
Сексолозите дошле до податокот дека аромата од овие масла го зголемуваат либидото на тој начин што ја поттикнуваат крвта во половите органи.
Природни афродизијаци
Следното на кое треба да обрнете внимание е менито.
Не треба да ве плаши фактот дека, освен јајца, не знаете ништо друго да зготвите бидејќи целта на романтичната вечера не е да го импресионирате со своите кулинарски способности.
Пригответе мало количество на брзо сварлива храна и зачинете ја со природни афродизијаци. На пример, целер, мед, ореви, печурки, риба, а за десерт јагоди со шлаг или течно чоколадо. И не заборавајте секоја класична романтика, се залева со вино. Доколку вашата е нестандардна, можете да се послужите со друг вид на пијалак.
Водете љубов според мелодијата
Важен момент за целата романтична атмосфера е музиката.
Не заборавајте да најдете балади кое ќе раскажуваат силни љубовни приказни.
Зарем не посакувате оваа романтична вечера да биде почеток на една таква силна вистинска љубовна приказна?
Емоциите VS рутината
И последниот чекор, од кој зависи дали се ќе се одвива според планираниот редослед е сите проблеми да ги оставите зад врата на спалната.
Барем за момент, поверувајте дека вие, тој и ѕвездите сте единствени на светот. Заборавете на скромноста и срамежливоста и оставете инстинктите да ве водат длабоко во ноќта, заедно со вашиот партнер!
.gif)






















.gif)
























