sherlokТој неверен, вие Sherlock Holmes!
Paco Rabanne 1 Million на неговиот врат и чевли посјајни од вашата свадба, дали ве изневерува?
sreknata25 правила за среќа
Ако не сакате некоја работа, не можете да ја избегнете и не можете да промените, прифатете ја!
sre1Среќа на своја кожа
Дали ви се случило да дишете во ритамот дека за ваквите мигови вреди живеењето?
domakinka1Домашни совети за добри домаќинки
Кромидот ќе го сечете без солзи ако претходно го држите 15 минути во фрижидер.

Стоп за женските драми и заблуди

luta1

Зошто го оддалечувате од себе со такви неважни ситници? Се е до компромисот и објективното гледање на работите.

Денот поминат без да го чуете неговиот глас, ни оддалеку не ви изгледа како весело сценарио, но понекогаш свесно или несвесно самите го предизвикувате тоа.

Чујте ги сопствените зборови и извлечете поука!

Стоп за недовербата и вашите комплицирани женски драми!

„Еве не ми крева на телефон, му ѕвонам по трети пат, а од него ни трага, ни глас веќе „цели“ 3 часа. Сигурно е излезен без да ми поднесе извештај, а вообичаено секогаш ми кажува.

Хмм сигурно е со онаа девојка од Фејсбук која му става лајк на секоја слика, па дури и на најдосадните статуси. Кој маж може да одолее на кусо здолниште и раширени нозе, без разлика што таа не може да ми се фати дури ни за најмалото прсте.

Време е и јас да свртам некој број, не можам повеќе да ја поднесам неизвесноста. Да, штом тој може да шета без да ми се јави, тогаш и јас ќе излезам со поранешниот муватор кој одамна копнее да пие кафенце со мене.“

Го сторивте тоа и само половина час после вашето излегување ви се јавува момчето со сонлив глас, кое преморено од напорниот ден заспало веднаш после ручекот, а телефонот му останал во другата соба. Тој нема грев и сега вие сте грешницата која поради брзоплетоста и недовербата се втурна во вртлог на лаги. Па како да му кажете дека сте на кафе со поранешниот муватор? Ах тие женски драми, навистина знаат да ви го искомплицираат животот.

Понекогаш виновникот побарајте го и во себе!

„Не му се јавувам ниту јас, ако треба три дена ќе се нервирам ама прва не кревам слушалка. Па како можеше така дрско да изреагира на моето доцнење од 20 минути, па сите тие реферати за непочитувањето на неговото време и враќањето на историски моменти од врската кога сум доцнела, навистина ми го расипаа расположението.

Како можеше да направи толкава драма и да ни ја расипе цела вечер? Најлошо од се е што смета дека е во право да ме окарактеризира како личност која не знае да си го испланира времето и животот, па од едно мало доцнење се префрли на мојата неодговорност во врската. Не му се јавувам, тој ја започна кавгата, тој нека се јави да се извини.“

И така изминува веќе и третиот ден како не сте го слушнале омилениот ринг тон на телефонот, вашиот немир го достигна плафонот, а инаетот не ви дава да се јавите и да признаете дека сте погрешиле со едноставно „извини и нема да се повтори“.

Зошто го оддалечувате од себе со такви неважни ситници? А преголемо его и сами знаете дека е пресуда за сингл живот. Се е до компромисот и објективното гледање на работите.

Не сонувајте дека бурмата ќе ги промени лошите навики!

„Редно време е да побараш работа, на прагот си од заокружена триесетка, а никако да започнеш да размислуваш посериозно за животот, му велите. Другарите и спортските обложувалници се неизбежен дел од твоето секојдневие, а ти постојано се жалиш како немаш време да направиш CV.

Ме изневери и ме повреди како ретко кој, но поради љубовта која ја носам во срцето за тебе ти простив, а вчера повторно флертуваше со црнокосата девојка која стоеше до нас во диското.“

Свесни сте како многу често овие зборови излегуваат од вашата уста, но сонот за бел фустан и тој покрај вас, ни малку не избледува. Како да верувате во некоја магична моќ на бурмата и дека после кажувањето на заветите сите негови лоши навики ќе се променат. Тој повеќе нема да биде ниту мрзелив, ниту неверен.




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Проверете ја вашата граматика дури и во средината на разговорот. Не дозволувајте збунетоста да направи да оставите лош впечаток кај потенцијалниот партнер.                            

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Не влегувајте денес во нешто од кое нема да можете да излезете. Фактите се тука, но можно е да не ги знаете сите детали. Поттргнете се од секој кој е очаен да се обврзе!                            

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Ова е зафатен ден за вас, но се е добро. Ќе ги покажете вашите способности за мултитаскинг и флертување со пријателите, колегите и клиентите. Забавувајте се!                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес претрупаноста со работа треба да ја разбиете во мали делчиња за кои треба да се погрижите, а дури и тогаш ќе бидете преоптоварени. Не срамете се да побарате помош!                              

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Вашиот ум денес остро размислува што ви се случува во домот и на работа. Енергијата подобро потрошете ја на решавање проблеми отколку на правење планови.                            

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес можете да реагирате бргу, имате енергија за тоа. Дури и да имате многу пречки и прекини ќе успеете ако имате доверба.                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Денес ќе развиете вкус за нешто сосема ново, можеби нов вид на храна или нешто сосема лудо. Тоа ќе ве одведе на пат, кој никој не би го очекувал од вас.                              

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Нешто ќе ви го привлече вниманието рано денес и може ќе се постават прашања од кои ќе ви заѕвони ѕвончето. Треба се да се реши веднаш, побарајте помош!                                

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Не можете јасно да размислувате. Не грижете се, само излезете надвор и правете работи од кои крвта ќе ви пулсира, потоа се ќе дојде само.                                

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Вашата ментална состојба денес доживува невообичено ниво на јасност, па искористете го тоа мислејќи на најтешките проблеми. Ќе дојдете до откритие!                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Треба да покажете дека вашата креативна страна е се уште активна. Секако дека е, но потребно е вашите луѓе да го видат плодот од тоа.                              

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Денешните чудни проблеми бараат креативни решенија. Нека ве поддржат пријателите и колегите за паметните идеи полесно да излезат на површина.                            

23-05-2012
News image

Мисионерска во вис. Инструкции: започнете со стандардната мисонерска поза, тој врз вас. Во текот на сексот предложете му да се крене ... Повеќе

Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?