
Што кога причината за вашата несоница е вашиот партнер можеби?
Знаете дека вие сте вашиот проблем, но и решение. Секој пат кога во вашата глава ќе се сврти торнадо од саморазурнувачки мисли, а вие ги полевате со секоја наредна мисла во тој правец, сами постанувате свој проблем и се осудувате себе си на неспокој.
Однапред одредените принципи и поставените критериуми за начин на живот, понекогаш знаат да се претворат во камен темелник на вашата болка. Сликата за совршено подредени мигови во текот на вашиот ден, па и во текот на животот е и тулата и бетонот, кој го гради вашиот затвор за изолација од среќата.
Вие - вашиот проблем
Значи ако вие сте вашиот проблем, веднаш помислете дека токму вие сте и решението! Веднаш организирајте го секој атом од вашето тело во рушење на ѕидот на болка и пуштете ја својата душа слободна да сонува во полињата недогледни нарциси. Дека утре ќе биде подобро од денес, дека ќе имате затоа што заслужувате, дека искрено ќе ве љубат затоа што вие несебично го правите тоа!
Друг – вашиот проблем
Но што кога кртот кој душата ви ја пара е некој друг? Што кога причината за вашата несоница е вашиот партнер можеби?
И поинаку ве учеа, ве воспитуваа дека и на лошото со добро треба да вратите, но овде и сега работите стојат поинаку! Сите се немилосрдни во грабањето по својата среќа, па зошто токму вие да бидете нечие жртвено јагне?
Не! Кажете стоп и од денес започнете нова животна филозофија... „На лошото со лошо се враќа“. Вашата среќа е нежен меур од сапуница, па треба да се борите за неа, треба да ја чувате.
Навидум смешно, навидум неморално, ќе помислите. Но само сетете се како изреагира вашата блиска пријателка кога одбивте да и дадете позајмица од 1000 денари или пак како вресна на сет глас вашиот партнер кога му го исклучивте телевизорот во екот на неговиот најомилен натпревар. Сте направиле лошо, сакајќи или несакајќи, и со лошо ви вратија.
Таа со ироничен поглед полн недоверба, тој го погрдни зборови за невнимателноста. Никој не ви кажа „браво“ за вашите лоши дела, па така и вие од денес покажете заби кога е потребно. Не говориме за овие најбанални примери од секојдневието, говориме за нешто подлабоко, за миговите кога некој гази по вашето „јас“, за казнување на непочитта и за наградување на почитта.
Кога се добри со вас, бидете три пати подобра, но кога некому не сте доволна вредна и значајна или сака со лошо да ве воспита, тогаш променете го начинот на игра. Сокријте и вие некој ас во ракавот, применете ги тактиките на ривалот, а на лошото со лошото вратете!
.gif)






















.gif)
























