plasi1Срната се заљуби
Конечно и оваа плашлива девојка реши да се обврзе на врска и на верност.
22_razvodЗнаци дека бракот е во неволја
Грешите ако мислите дека вашиот брак е сличен како на пријателката.
vresad1Дневник: „Не, не било само страст, Adele пак...
Телефон си вреска „Someone like you“, бившиот ѕвони, а јас кај Марија на кафе.
lez6Експериментите на една зависничка од адреналин
Животот го живееше со преголема брзина и се што нејзините врсници доживуваа, неа и беше веќе видено.

Сурови говорници, нежни љубовници

42-17625243

Нивниот поглед, нивните дела, нивните простувања и проголтувања се доволни да ги откриете емоциите и намерите кои тој ги има за вас.

И повторно на дневното мени е неговиот говор како тој е цврст орев. Со отровни стрелички ве гаѓа секој пат кога ќе ви каже дека вие сте девојка која е навикната мажите да летаат околу неа, а тој нема ниту намера, ниту желба да биде еден од вашите пиони.

Игра на емоции

И бесцелно му објаснувате дека љубовта не е игра на надмудрување, туку е игра на емоции, тој само одново и одново се спротиставува на своето растреперено срце.

Јасно како ден му е дека е заљубен како ретко кога, но со иста доза во него се крие и некој страв од тоа да не биде разоткриен, повреден или најлошо од се, според него, етикетиран како лигав.

Желба за патријархат

Овој балкански менталитет, каде мажите очајнички грабаат по одамна изумрениот патријархат се повеќе ги прави сурови говорници. Комплиментите се ендемски вид во нивните разговори, а пак да не говориме за искажувањето на чувствата или непроценливото „те сакам“. Реката на нежности кои нашите татковци им ја даваа на нашите мајки со новите генерации на мажи се претвора во поточе, кое неретко знае да го зафати и сушно лето.

Кога мажите станаа толку емотивно недостапни? Премолчените зборови не се доказ за непостоењето на чувствата!

Говорот на делата

Нивниот поглед, нивните дела, нивните простувања и проголтувања се доволни да ги откриете емоциите и намерите кои тој ги има за вас. И го знаете сето тоа, но ви недостига да чуете.

Зошто вие не сте почестена со порака за „добро утро“ како вашата пријателка или неочекувано „те сакам“ во три часот попладне? Па тоа е се што си посакувате! Заслуги имате повеќе од доволно, а од заслужената нежност повторно ни трага, ни глас.

Официјализирањето на чувствата не значи негова слабост. Да дознаете дека сте неговата Ахилова пета сигурно ќе биде вашата најголема среќа, а не најлесното оружје против него. Убавите зборови се храна за душата и врската кажете му го тоа, вие бидете искрена, а другото останува на него... Барем вие немојте да бидете етикетираната „недостижна“.




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Проверете ја вашата граматика дури и во средината на разговорот. Не дозволувајте збунетоста да направи да оставите лош впечаток кај потенцијалниот партнер.                            

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Не влегувајте денес во нешто од кое нема да можете да излезете. Фактите се тука, но можно е да не ги знаете сите детали. Поттргнете се од секој кој е очаен да се обврзе!                            

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Ова е зафатен ден за вас, но се е добро. Ќе ги покажете вашите способности за мултитаскинг и флертување со пријателите, колегите и клиентите. Забавувајте се!                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес претрупаноста со работа треба да ја разбиете во мали делчиња за кои треба да се погрижите, а дури и тогаш ќе бидете преоптоварени. Не срамете се да побарате помош!                              

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Вашиот ум денес остро размислува што ви се случува во домот и на работа. Енергијата подобро потрошете ја на решавање проблеми отколку на правење планови.                            

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес можете да реагирате бргу, имате енергија за тоа. Дури и да имате многу пречки и прекини ќе успеете ако имате доверба.                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Денес ќе развиете вкус за нешто сосема ново, можеби нов вид на храна или нешто сосема лудо. Тоа ќе ве одведе на пат, кој никој не би го очекувал од вас.                              

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Нешто ќе ви го привлече вниманието рано денес и може ќе се постават прашања од кои ќе ви заѕвони ѕвончето. Треба се да се реши веднаш, побарајте помош!                                

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Не можете јасно да размислувате. Не грижете се, само излезете надвор и правете работи од кои крвта ќе ви пулсира, потоа се ќе дојде само.                                

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Вашата ментална состојба денес доживува невообичено ниво на јасност, па искористете го тоа мислејќи на најтешките проблеми. Ќе дојдете до откритие!                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Треба да покажете дека вашата креативна страна е се уште активна. Секако дека е, но потребно е вашите луѓе да го видат плодот од тоа.                              

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Денешните чудни проблеми бараат креативни решенија. Нека ве поддржат пријателите и колегите за паметните идеи полесно да излезат на површина.                            

23-05-2012
News image

Мисионерска во вис. Инструкции: започнете со стандардната мисонерска поза, тој врз вас. Во текот на сексот предложете му да се крене ... Повеќе

Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?