
Ако се бара нова надеж треба да се излезе на улицата во оној аголот каде сонцето грее најсилно, да блесне со сета своја внатрешна и надворешна убавина!
Слабичко девојче пред вас, а се што сакате е да го прегрнете, да бидете неговиот животен ментор и показател низ патот кој треба да го помине. Потсетете се на стариот хит „I'm Not A Girl, Not Yet A Woman“ (Britney Spears) и ќе добиете совршена слика за оваа девојка растргната меѓу детското однесување, младешките емоции и сериозноста која годините и ја налагаат.
Емоционален затвор
Да, можеби и вие сте поборник дека годините не се важни, но сепак таа на 2* година се уште зад себе нема оставено ниту една сериозна врска во која целосно се предала, безрезервно верувала и уживала без да размислува за утре. До ден денешен од нејзината уста ниту како шепот, ниту како ветување нема излезено „те сакам“.
Затвореноста само трупа товар врз нејзиното и онака нежно срце и стравот дека преголемата емотивност ќе и донесе болка во светот на возрасните прави таа упорно да се крие зад детските постапки. Глуми нечија недостижна, знае намерно да не го чуе телефонот, иако срцето и вреска „сакам“ и никогаш не вложува напор од петни жили за целта да биде остварена или саканиот освоен.
Секогаш со резерва
Дозата на резерва која и служи како заштитник од надворешниот свет ниту ќе ја спаси, ниту ќе и помогне. Еднаш срцето мора да биде повредено, а солзите да се затркалаат по нејзините бели образи. Дали порано или подоцна се е прашање на време.
И знаете скршено ребро велат дека заздравува за онолку дена колку што имаме години, па ако и срцето функционира на тој начин најдобро ќе биде помлади да заплакаме и побргу да заборавиме.
Неспретна со зборови
Конфузна во исказите, неспособна да каже што чувствува, но сепак секогаш насмеана и со позитивна енергија во себе таа е добра за другите, а лоша за себе. Подзаборава дека пријателите се за да си ја испразниме душичката, а винцето да ја разубавиме вечерта. Осаменичките умствени монолози во мракот во нејзината соба нема да и донесат ниту решение, ниту среќа, ниту нова надеж.
Време е!
Ако се бара нова надеж треба да се излезе на улицата во оној аголот каде сонцето грее најсилно, да блесне со сета своја внатрешна и надворешна убавина, да се отвори да проговори... Да му дозволи нему да се доближи да ја запознае милата душа, а не ледената принцеза, како што таа милува да се претстави, и токму тука ќе се роди скриената искра. Надеж дека луѓето се добри, а љубов сепак постои.
Да, девојко, постои, тој постои!!!
.gif)






















.gif)
























