
Го бакнуваше со адреналин, кој не знаеше дека го носи во себе. Само со неколку ноќи и бакнежи до изгрејсонце тој и го замати погледот.
Што кога тежината на годините ќе натисне врз пламенот на љубовта? Дали тогаш се доволни само неколку морски бранови да се згасне и преостаната искра?
Долгогодишните врски стојат на стаклен под пред ударот на летните авантури? Толку нежни кршливи фиданки стануваат овие врски пред налетот на адреналинот без разлика што во нивното стебло е исцртан и петиот прстен од постоењето.
Девојката со руси локни...
Таква е и приказната за оваа жена, со руси локни кои натежнуваат на нејзините раменици и темперамент како ретко кој. На моменти неподнослива, понекогаш раздразлива, но секогаш верна и заљубена. За неа еден и единствен беше тој, оној чии очи посакуваше да ги имаат нејзините деца.
Првиот предизвик!
Но помина година, две од врската и во четвртата беше фрлена во пламениот предизвик наречен Америка. Замина сама, но во тие неколку месеци ниту еднаш не ја поколеба студентскиот дух кој беше во полн ек во неа, остана верна и доследна на својата љубов кон него. Го ценеше тоа што прифати да ја чека и помина преку секоја негова пасивност за гаење на љубовта на далечина.
Вториот предизвик!
Помина уште една година, а животните прилики направија таа повторно да помине лето далеку од неговата прегратка. Но дали времето ја имаше оладено нивната љубов или таа повеќе ја немаше силата да ја влече сама на своите плеќи оваа врска, овој пат не се врати како победник во име на љубовта.
Не успеа да му го прости намерно или ненамерно заборавениот нејзин роденден, недостигот од волја да и посака барем едно „добро утро“ преку СМС порака или пак да ја посети онаму каде што престојуваше. Токму после овие удари таа постана слаба.
Ја дотолчи невината насмевка на црното момче кое го запозна токму таму и реши да ужива во мигот. Тој ја мамеше, а романтичната плажа ја правеше слаба и така се предаде.
Го бакнуваше со адреналин, кој не знаеше дека го носи во себе. Само со неколку ноќи и бакнежи до изгрејсонце тој и го замати погледот. Повеќе не мислеше на вчера, ниту на утре. За неа постоеше само денес, не бараше ниту причини, ниту последици. Но сега се беше готово.
Назад во реалноста!
Студеното време ја врати во родниот град, а таму се неговите очи, оние очи кои мислеше дека ќе ги гледа до последниот ден од својот живот, но сега и тие беа колебливи, полни со недоверба. И нејзините беа збунети дали после сиот сјај, кој го впија ова лето, сега сакаат да се вратат повторно на просечноста.
Никој не ја знаеше судбината на таа врска, а таа беше збунета како ретко кога во животот. Но потребно беше само да помине време и да потоне во она „како да вчера не ни било никогаш“. Затоа што сето тоа беше илузијата на летната авантура. Најсјајна, најпримамлива, некое слатко лудило, збеснати хормони, па дури и заљубување да го наречеме.
Но овде и сега беше поинаку, пред неа беше љубовта, она стабилно чувство дека си припаѓаат еден на друг. И тие беа слаби во овие мигови, но сите околу нив знаеја дека нивната љубов е доволно силна за да продолжат онаму каде што застанаа и утре да блесне посилно од било кога во последниве 5 години. Сега на нив останува...
.gif)






















.gif)
























