sto_ti_e13 причини за простување на неверството
Дали постои доволно добра причина за да се прости неверство?
dating_marriedЗошто жените сакаат женети мажи?
Натпревар, возбуда, искуство... три фактори кои може да си поиграат со вашиот мозок.
42-19698789Што ве чека во креветот?
Како да проверите дали помеѓу вас има вистинска хемија?
sreknite1Затоа што утре не ми е ветено!
Затоа ќе кажувам несоодветни шеги, па и мрсни вицови и ќе се смеам на сет глас.

Премногу исти за да функционираат!

ubavite_copy

Со милни очи и восхит гледаа луѓето во овие убави млади луѓе, создадени како совршени еден за друг.

Еден покрај друг беа компактна целина, нејзината долга темно руса коса совршено одговараше на неговите костенливи очи, неговите 194 сантиметри на нејзините 176, а неговите снажни раце на нејзината тенка половина.

Последен пат заедно се појавија во театар на премиерата на една многу актуелна театарска претстава, а нејзиното здолниште со големи копчиња и висок струк се совпаѓаше со бојата на неговото палто. Секој го вртеше погледот по нив, а воздишките често беа следбеници на нивниот чекор. Со милни очи и восхит гледаа луѓето во овие убави млади луѓе, создадени како совршени еден за друг.

Сакаа исти работи!

Тој не знаеше да го следи ритамот на музиката, таа за убав глас можеше само да сонува. Тој беше антиспортски тип, а за неа гледањето фудбал беше смртна казна. Тој сакаше да седи во диско до фајрон, а таа секогаш мораше да биде онаа која меѓу последните го зема капутот од веќе празната гардероба. Тој сакаше црвена долна облека, а таа се чувствуваше најсамоуверена носејќи ја.

И така еден со друг без компактен пар, а ноќите и деновите беа прекратки за нив, бидејќи таму кај што тој завршуваше, таа започнуваше.

Совршени во секој поглед, но едновремено несовршени токму поради истата причина: ПРЕМНОГУ БЕЗ ИСТИ!!!

 

NotForMen препорака: Беа како оган и вода

 

Проклетството!

Како што двајцата уживаа во вкусот на чоколадните глувчиња од старата добро позната пекара, така и двајцата уживаа во вкусот на убавото црвено вино, а после првото поделено шише доаѓаше она фаталното. Тие за само половина час од мирно море, се претвораа во најразбрануваниот океан каде сета страст на нивните духови само ги поттикнуваше брановите.

Ќе се фатеа од најбаналната работа, па се до страшни сцени на љубомора и се се претвораше во една струја, која во тие мигови ја носеше и љубовта и нежноста.

Илјада и една сцена!

Нејзините пријатели до ден денес, ја помнат сцената каде таа и после третото предупредување од негова страна му ја растури фризурата, а тој на тоа одговори со силно нејзино буткање од себе, по што се слушна тап удар во прозорецот. Никој не беше повреден, но знаете каде што е жарот таму е и огнот, па таа сцена остро се врежа во меморијата на оваа девојка, но и во главите на нејзините пријатели.

Исти беа и во поглед што и двајцата при едно излегување во диско сами без проблем би можеле да соберат најмалку 3 телефонски броеви до припадници на спротивниот пол. Токму оваа успешност на тема флерт и заведување ги плашеше и тие почнаа да се затвораат во својот затворен круг на врската и се помалку некој можеше да допре до нив, па така во еден миг останаа сами со себе, отуѓени од светот.

Тиквата пукна!

Дружељубиви луѓе од нивен тип не можеа долго да го издржат ова, па така и оваа тиква пукна!

Љубовта не испари, остави печат и уште денови потоа следеа сцени низ скопските дискотеки, искривени погледи и лоши упатени зборови еден за друг. Но ниту тие, ниту времето не можеа да ги избришат спомените за оваа силна енергија. Заедно највеќе викаа, плачеа, но и највеќе сакаа. Имаа енергија вредна за цел живот!




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Проверете ја вашата граматика дури и во средината на разговорот. Не дозволувајте збунетоста да направи да оставите лош впечаток кај потенцијалниот партнер.                            

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Не влегувајте денес во нешто од кое нема да можете да излезете. Фактите се тука, но можно е да не ги знаете сите детали. Поттргнете се од секој кој е очаен да се обврзе!                            

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Ова е зафатен ден за вас, но се е добро. Ќе ги покажете вашите способности за мултитаскинг и флертување со пријателите, колегите и клиентите. Забавувајте се!                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес претрупаноста со работа треба да ја разбиете во мали делчиња за кои треба да се погрижите, а дури и тогаш ќе бидете преоптоварени. Не срамете се да побарате помош!                              

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Вашиот ум денес остро размислува што ви се случува во домот и на работа. Енергијата подобро потрошете ја на решавање проблеми отколку на правење планови.                            

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес можете да реагирате бргу, имате енергија за тоа. Дури и да имате многу пречки и прекини ќе успеете ако имате доверба.                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Денес ќе развиете вкус за нешто сосема ново, можеби нов вид на храна или нешто сосема лудо. Тоа ќе ве одведе на пат, кој никој не би го очекувал од вас.                              

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Нешто ќе ви го привлече вниманието рано денес и може ќе се постават прашања од кои ќе ви заѕвони ѕвончето. Треба се да се реши веднаш, побарајте помош!                                

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Не можете јасно да размислувате. Не грижете се, само излезете надвор и правете работи од кои крвта ќе ви пулсира, потоа се ќе дојде само.                                

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Вашата ментална состојба денес доживува невообичено ниво на јасност, па искористете го тоа мислејќи на најтешките проблеми. Ќе дојдете до откритие!                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Треба да покажете дека вашата креативна страна е се уште активна. Секако дека е, но потребно е вашите луѓе да го видат плодот од тоа.                              

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Денешните чудни проблеми бараат креативни решенија. Нека ве поддржат пријателите и колегите за паметните идеи полесно да излезат на површина.                            

23-05-2012
News image

Мисионерска во вис. Инструкции: започнете со стандардната мисонерска поза, тој врз вас. Во текот на сексот предложете му да се крене ... Повеќе

Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?