
Колку и да се жртвувате во име на љубовната конекција, секогаш ќе се појави помала или поголема причина за караница.
Дури и да бидете прогласени за најидеалниот пар на планатава, конфликтите нема да ја заобиколат вашата врска. Тажно, но вистинито!
Што кога пеперутките во стомакот му остапуваат место на гневот дури и за најмалите ситници? Колку и да се жртвувате во име на љубовната конекција, секогаш ќе се појави помала или поголема причина за караница, но тоа не мора да значи дека на вашата идилична врска и се ближи крајот.
Едноставно станува збор за мали разлики во поглед на желбите, вкусовите или плановите за во иднина или едноставно во прашање е лош ден, а на вас останува идејата да истраете пред искушенијата кои ги носи секојдневието.
Како најлесно и безболно да ги надминете конфликтите во врската, а караниците да ги претворите во конструктивни разговори?
Еве неколку чекорите кои ќе ја овозможат таа ваша мисија на патот кон совршена врска!
Смирете ги страстите
Ниту еден разговор не може да биде конструктивен се додека е присутен вашиот или неговиот агресивен тон на искажување. Можеби гневните коментари на глас ќе ја исфрлат негативната енергија од вас, но не очекувајте решение на проблемот во врската.
Секој конкретен проблем, без разлика на неговите димензии, е решлив само со обострана контрола над емоциите. Вие погрижете се за контрола над вашиот наплив од бурни емоции.
Едноставно замислете дека тоа не ви се случува вам, туку ситуацијата ја доживувате од страна. Така, полесно ќе можете да реагирате на проблемот.
NotForMen препорака: За танго, љубов и караница секогаш се потребни двајца!
Не измислувајте
Неговото доцнење од работа е повод за најнегативното сценарио во вашата глава, а со неговата појава на прагот ја започнувате најжолчната расправија? Недовребата кон партнерот може да биде инспирација за повеќето ваши сомнежи кои само ги поттикнуваат фрустрациите во врската.
Врате се на првиот чекор – смирете ги емоциите се додека не ја дознаете причината за неговото однесување кое ве натера да ги измислувате и предимензионирете нештата.
Отворено зборувајте за вашата потреба тој да не го разгорува огнот на вашите двоумења. Едноставно побарајте да ви ги објасни ситуациите кои не ви даваат мир.
Разговарајте во вистинско време
Разговорот за сите потенцијални недостатоци во врската нема да има ефект доколу го започнете по неговиот напорен работен ден. Кога главата му е преокупрана со милион други проблеми, последно нешто за кое ќе размислува е нештата кои ве мачат.
Затоа изберете го најпогодното време, кога е расположен, слободен, најаден или едноставно кога ќе се најдете во неговата прегратка.
Воздржете се од хистеричните напади
Хистеричниот напад како дел од секоја ваша караница е уште едно бескорисно женско средство за манипулација, а нештата ќе ги свртите во своја полза само на краток рок.
Можеби ќе ве радува неговата капитулација пред вашите изглумени солзи, но проблемите ќе оживеат дури и пред солзите да се исушат на вашиот образ. Затоа, заобиколете го овој метод на можно решавање на проблемите.
Најоптимална варијанта за средување на нешта кои ви пречат во врската е отворен и искрен разговор непосредно по појавата на проблемот. Компромисот е можен само треба да ги создадете условите за негово раѓање во врската со вашиот сакан.
.gif)






















.gif)
























