
Зборувајте за вашиот прв состанок, свадбата, медениот месец и за најубавите работи кои некогаш сте ги сториле еден за друг.
Можеби не водите љубов често како некогаш, но се уште можете да ја вратите емотивната блискост од почетокот на врската. Спасете ја врската, потребно е само малку да се потрудите!
Изненадете го со љубовно писмо!
Писмото е уметност во изумирање, но едно пенкало и лист хартија може да направат чуда за романсата.
Брачните советници ги охрабруваат нивните клиенти да пишуваа љубовни писма. Тоа навистина помага писателот да ги рефлектира своите позитивни чувства и да открие зошто точно е во оваа врска.
Едно истражување даде интересен резултат: Луѓето кои пишуваат за врската 3 дена, е поверојатно дека ќе останат во таа врска наредните 3 месеци. Немојте да паднете во искушението на модерните технологии, бидејќи СМС пораките и мејловите го немаат истиот ефект.
Одете во кревет во исто време!
Се сеќавате на почетокот од вашата врска, кога не можевте да дочекате да скокнете во креветот со вашиот партнер? Додека некои работи може да се сменат, како тоа колку често имате секс, поминувањето време во вашата приватна зона не смее.
Одењето во кревет во исто време на двојките им обезбедува шанса да се спојат повторно и да ја обноват емотивната интимност. Лап топот и телевизорот во вашата соба можат само да одмогнат.
И немојте веднаш да заспиете, легнете си малку порано за да имате време за зборување и милување!
Кажете му „благодарам“!
Едно „благодарам“ на ден ќе ги држи адвокатите за развод на страна од вашиот брак, покажа едно истражување. Кога едниот партнер изразува благодарност, другиот се чувствува позадоволен.
Но запомнете кога изразувате благодарност, делата говорат повеќе од зборовите! Правете го она што сакате да ви го прават, но правете и повеќе од тоа, нека вашиот партнер ужива.
NotForMen препорака: Кога врската ја задужува монотонија
Смејте се со него!
Смеењето со партнерот ќе ве зближи и ќе ве потсети зошто сте заедно. Двојките треба да прават работи кои се забавни, поинакви и не се обврски.
Зборувајте за вашиот прв состанок, свадбата, медениот месец и за најубавите работи кои некогаш сте ги сториле еден за друг. Тоа ќе ве потсети на убавите мигови од врската.
Бидете самостојни!
Заборавете ги филмовите дека друга личност треба да ве надополни за да бидете целина. Најздрави врски се оние во кои двајцата партнери можат да бидат самостојни и не очекуваат секоја потреба да им биде пресретната од партнерот.
Па станете малку себични и уживајте во работите кои вам ви се допаѓаат, а партнерот не ги сака. Излезете на пијалак со девојките, запишете се на часови по зумба, а вашата врска ќе ви биде благодарна за тоа.
.gif)






















.gif)
























