
Дали ви се разбуди носталгијата по оние денови кога се држевте за рака при страшните сцени на филмот „Orphan“?
До пред некое време ниту малку не ви недостасуваше да имате партнер покрај себе, но студените зимски денови како да ви ја разбудија носталгијата по оние денови кога на минус 10 надвор, вие си лежевте гушнати со поранешното момче под ќебето и се смеевте на шегите на серијата „Cougar town“ или пак се држевте за рака при страшните сцени на филмот „Orphan“.
NotForMen препорака: Совршена не сте, совршен нема!
Дали после него станавте премногу пребирлива или отсекогаш сте биле таква? Ако имате некоја од овие карактеристики тогаш токму тоа е причината за вашиот сингл статус.
- Сте одбиле поголем број на состаноци од оние на кои сте биле.
- Сте раскинале со луѓе за работи кои ги правеле додека спијат.
- Често решавате дека нема да има втор состанок пред да отидете на првиот.
- Го заборавате името на дечкото со кој бевте на состанок, но не заборавате дека за време на вечерата 3 пати отиде во тоалет.
- Кажувате дека постои „тип на маж“ кој ви се допаѓа, но не можете да ги дефинирате неговите карактеристиките кога ќе ве запрашаат.
- Се појавувате 5 минути подоцна од закажаното време за состанок и сте лути ако тој уште не е пристигнат.
- Ја користите фразата: „Сите добри се или зафатени или хомосексуалци.“
- Сте им давале број на момчиња, но потоа не сте кревале бидејќи ве барале пребрзо.
- Велите: Тој е малку... (па користите чудна гестикулација) и кога ќе ги запрашате пријателките: Знаете на што мислам, така? Тие ви одговараат: Не!
- Вие сте таа која секогаш одбива и никогаш не е одбиена, освен оној еден пат кога момчето беше премногу пребирливо што не се брои, нели нормално?!
Дадете им шанса на мажите, излезете на состанок, но сепак запомнете за врска не ви се потребни:
***Мажот кој си ја мрази работата!
***Мажот опседнат со мајка си!
***Мажот на кој мора да му се восхитувате!
***Мажот кој има пријатели кои не сте ги запознале!
***Мажот кој сака да ве „спаси“!
***Мажот кој не може да напушти забава!
***Мажот кој не може да поверува дека го одбравте него!
.gif)






















.gif)
























