
После бурна караница, по автоматизам вие сте онаа која се јавува прва!
Дали сте и вие Романтично Опсесивен Борец? Дали сте РОБ во име на љубовта? Време е да го дознаете тоа и да преземете нешто во врска со истото! Мажот не знае многу работи за жената затоа потсетете го!
Чекате до 21 часот, одложувајќи ги сите други планови, за да видите дали Господинот е расположен за излегување!
Вашата најдобрата пријателка ве кани да излезете на кафе или пак да го гледате филмот „Something borrowed“(2011), но вие речиси никогаш не прифаќате без претходно да се консултирате со вашиот партнер. Треба да го процените неговото расположение дали можеби подоцна ќе сака да излезете или пак го наменувате сето слободно време во подготвувањето за средбата со него.
ПОТСЕТНИК: Па сетете се дека таа беше 20 години пред него во вашиот живот, а и на нејзиното рамо плачевте кога ја раскинавте претходната двегодишна врска.
Секогаш излегувате со неговото друштво, бидејќи речиси сите ваши пријателки се „лоши“ според него!
Ниту ви се симпатични, ниту ви се драги, но многу често сте во нивно друштво. Пријателите на вашиот партнер се разбира дека мора да ги прифатите и почитувате, но секое излегување да седите со другар му кој намќоресто ве гледа или да одите на место кое не ви се допаѓа е пракса од која мора да избегате. И секој пат кога ќе сакате да го сторите тоа и да договорите средба со вашето друштво тој наеднаш станува нерасположен или дури болен.
ПОТСЕТНИК: Време е да застанете цврсто на ставот дека и вашите пријателки мора да бидат застапени во онаа мера во која се неговите. Ако не заради нив, барем заради себе организирајте си забавно поминато време.
Вие сте кавалерот во врската, па неретко го земате и враќате дома со вашиот автомобил!
Бензинот достигна вртоглава цена, а вие половина од својата плата ја трошите токму за тоа бидејќи морате секоја вечер господинот Свилен да го земете од другата страна на градот, да го прошетате или угостите, а потоа да го вратите дома. Тој никако да пронајде време да го смени расипаниот акумулатор на својот автомобил, да се откаже од заштедата и да купи еден таков или ако ништо друго барем од време навреме да понуди пари за бензин.
NotForMen препорака: Зошто жените сакаат букет цвеќе, а мажите не им подаруваат?
ПОТСЕТНИК: Па зошто да не му предложите вечерва да дојде со автобус кај вас? Ако е навистина вистински маж, како што сака да се декларира, тогаш студот нема да му може ништо.
Уште некоја карактеристика плус на РОБ-от:
Ако препознавате кај себе неколку од горенаведениве карактеристики време е сериозно да размислите за вашата позиција во оваа врска. На плеќите носите толку товар за таа да опстои што речиси сте клекната пред него.
Време е да ја подигнете главата, да ги поставите работите на свое место и сериозно да размислите дали вреди жртвата!
.gif)






























.gif)
























