jabi1Самоуверена жена за успешни врски
Врските нека ви бидат предизвик, но никогаш нека не го изменат тоа што сте!
drama2Учам да бројам до 10
Со скокањето од еден на друг проблем само ќе навлезете во лавиринт на расправии.
mir_vo_svetotМомчето е од друга вера...
Дали може да опстане ваква врска?
oli1 copyСепак постоеле среќни краеви!
Пркосните луѓе со верба секогаш се наградени, па така и таа како во сон едно утро успеа.

6 женски грешки на првиот состанок

date1_copy

Околу 48 проценти од првите состаноци завршуваат со бакнеж.

Утре е посебен ден затоа што имате состанок со преслаткото момче кое одамна ви се допаѓа. Дали дланките ви се потат од трема и веќе половина час размислувате кои потпетици да ги облечете без разлика дали на ум имате долга љубов или кратка авантура?

Еве неколку совети како да не го упропастите првиот состанок, а тоа момче да го видите повторно.

Не зборувајте за бившиот!

Никој не сака да слуша како поранешниот со кој одевте 2 години ве повредил кога ви раскинал.

Тоа може да биде знак дека се уште не сте го преболеле, а никој не сака да се впушта во врска со личност која се уште нема расчистено со љубовното минато.

Не пијте премногу алкохол!

Чаша алкохол може да ви ја намали напнатоста, но не треба да претерувате. Нема нешто полошо од тоа да се опијаните на првиот состанок. Момчето со кое сте излезени може да добие впечаток дека сте лесна и дека не е тешко да ве одведе во кревет уште првата вечер после неколку часа познанство.

Исто така, може да стекне впечаток дека имате проблеми со алкохолот.

Дури 91 процент од жените во U.S. велат дека 2 алкохолни пијалака се максимумот за првиот состанок, а 1 од 5 жени ќе се воздржи до пиење.
Не покажувајте премногу емоции!
Првиот состанок не е место да откривање на емоционалните белези. Тажните животни приказни оставете ги за подоцна, а додека сте на почетокот што почесто смејте се и бидете љубезни.

Не го испитувајте премногу!

Не глумете детектив и не поставувајте премногу прашања бидејќи другата личност ќе се чувствува како да е на испитување од полиција. Добро е да покажете интерес, но пуштeте разговорот едноставно да тече и не плашете се од кратките паузи на молк.

И еднакво важно е да слушате што ви зборува личноста!


NotForMen препорака: Прашања за прв состанок

 

Не глумете принцеза!

Претераната финост може да делува како арогантност или умисленост, па затоа немој да се буните ако ве одведе на место кое не е по ваш вкус.

Ако ништо друго преправајте се дека се забавувате, а во некој наредна пригода многу внимателно дадете му до знаење каде сакате да излегувате.
Не го користете многу мобилниот телефон!

Сакате ли да оставите добар впечаток на првиот состанок? Избегнувајте го користењето на мобилниот телефон.

Исклучете го или намалете го тонот и мирно уживајте во магијата на првиот состанок.

И две слатки бројки за крај...

Околу 48 проценти од првите состаноци завршуваат со бакнеж.

Кога има хемија, 97 проценти од мажите ќе се јават за 72 часа да договорат втор состанок. Па дами ако го нема 3 дена значи не е заинтересиран!




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Проверете ја вашата граматика дури и во средината на разговорот. Не дозволувајте збунетоста да направи да оставите лош впечаток кај потенцијалниот партнер.                            

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Не влегувајте денес во нешто од кое нема да можете да излезете. Фактите се тука, но можно е да не ги знаете сите детали. Поттргнете се од секој кој е очаен да се обврзе!                            

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Ова е зафатен ден за вас, но се е добро. Ќе ги покажете вашите способности за мултитаскинг и флертување со пријателите, колегите и клиентите. Забавувајте се!                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес претрупаноста со работа треба да ја разбиете во мали делчиња за кои треба да се погрижите, а дури и тогаш ќе бидете преоптоварени. Не срамете се да побарате помош!                              

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Вашиот ум денес остро размислува што ви се случува во домот и на работа. Енергијата подобро потрошете ја на решавање проблеми отколку на правење планови.                            

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес можете да реагирате бргу, имате енергија за тоа. Дури и да имате многу пречки и прекини ќе успеете ако имате доверба.                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Денес ќе развиете вкус за нешто сосема ново, можеби нов вид на храна или нешто сосема лудо. Тоа ќе ве одведе на пат, кој никој не би го очекувал од вас.                              

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Нешто ќе ви го привлече вниманието рано денес и може ќе се постават прашања од кои ќе ви заѕвони ѕвончето. Треба се да се реши веднаш, побарајте помош!                                

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Не можете јасно да размислувате. Не грижете се, само излезете надвор и правете работи од кои крвта ќе ви пулсира, потоа се ќе дојде само.                                

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Вашата ментална состојба денес доживува невообичено ниво на јасност, па искористете го тоа мислејќи на најтешките проблеми. Ќе дојдете до откритие!                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Треба да покажете дека вашата креативна страна е се уште активна. Секако дека е, но потребно е вашите луѓе да го видат плодот од тоа.                              

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Денешните чудни проблеми бараат креативни решенија. Нека ве поддржат пријателите и колегите за паметните идеи полесно да излезат на површина.                            

23-05-2012
News image

Мисионерска во вис. Инструкции: започнете со стандардната мисонерска поза, тој врз вас. Во текот на сексот предложете му да се крене ... Повеќе

Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?