
Романтичната искра се буди со вас, а без разбеснети пеперутки во стомакот животот ви изгледа како досадна сапунска серија.
Емотивна сигурност е она што им е потребно на жените ... Знаете како во миговите кога надвор е студено, беснеат ветришта и немилосрдно удираат громови, а вие безбедно седите склопчени на креветот во вашиот дом покриени со 3 ќебиња и парно до себе.
Го сакате, но тој ви е премногу достапен?
Да биде љубена, прифатена, почитувана, се работите кои секоја жена ги посакува од една врска. Но што кога ни станува премногу удобно во неговата прегратка, тој ни е комплетно достапен и повеќе нема предизвик?
Тогаш почнуваат конфликтите, а желбата за сигурност полека ни е надвладеана од желбата за адреналин.
Сите негови квалитети кои некогаш го издвоија како најдобриот, денес бледнеат пред желбата за адреналин. Романтичната искра се буди со вас, а без разбеснети пеперутки во стомакот животот ви изгледа како досадна сапунска серија.
Потребна е искра!
Но ако само на миг тој ви покаже дека може да си замине и ги разгори сите ваши стравови, тогаш од петни жили ќе се трудите околу мажот кој сега и не ви е така достапен. Но мажите како да не го знаат ова или едноставно такви се тие, едноставни и добри или лоши од крајност во крајност. Сите наши тактики, игри и стратегии за нив се непознати.
Сама на пиедесталот со магично стапче кое го диктира неговото однесување можеби вака убаво звучи, но во реалноста тоа не е ништо повеќе од сценарио на апсолутна здодевност.
NotForMen препорака: 5 работи кои мајка ми не ми ги кажа за љубовта
Вистински животни приказни:
Често ќе чуете го сакам и сакам да го поминам остатокот од животот со него, со него пораснав во жената која што сум денес, знам дека цел живот ќе бидам неговата принцеза и ќе бидам сигурна...но тука е тој (поранешен дечко/ кратка авантура/ забавен сосед) со кој ја имам искрата, со кој се смеам и плачам најсилно и за кој мислам дека е мојата сродна душа.
Бурна љубов
Да, преголем е ризикот, но зошто да се смирите покрај Господинот. Ок, зарем за себе не си посакувавте нешто повеќе, зарем секогаш не копнеевте за животна авантура наместо досаден живот? Премногу сте млади, а и тој добар маж не заслужува да биде вашето сигурно катче и заслужува жена која ќе нема вакви дилеми.
Со него сигурно ќе бидете задоволна, но нема да бидете среќна!
Безусловна љубов
Но пред да направите брзоплета одлука во потрага по љубов од која ви се тресат колената размислете дали кога имате расправија или несогласување околу нешто со партнерот сфаќате дека тоа не е важно затоа што љубовта која ја имате кон него надминува се?
Ако е така, тогаш вие ја пронајдовте својата искрена безусловна љубов која трае засекогаш. Тој ви е суден и ништо не може да ја уништи оваа љубов.
Вие не ја сакате идејата да бидете заљубени, вие го сакате него... А тоа, тоа вреди повеќе од вечност без љубов!
.gif)






















.gif)
























