
Ако не сте опседнати со тоа дека не можете да функционирате сами тогаш е помала веројатноста да се смирите покрај некоја не доволно добро прилика за вас.
Време е да си поставите мета, да смислите план за акција, да промените некои ставови и да ја исполните мисијата – ново момче оваа зима. Престанете да се чувствувате очајно затоа што сте сами, започнете да уживате во животот и прифатете мнооогу состаноци!
Еве ја агендата:
МЕТА: Поинаков тип на момчиња
Секогаш гласаме против листите, но ако забележувате дека постојано се состанувате со ист тип на момчиња, време е да направите една таква. Нека биде составена од 10 карактеристики кои ги сакате кај момчињата со кои се состанувате.
Следниот пат во потрагата по партнер задржете 3 од нив, а другите 7 заменете ги со поинакви. Ако забележите дека сте на состанок со момче кое има повеќе од 3 карактеристики од листата заминете веднаш.
ПЛАН: Напад преку социјалните мрежи
Отворете си нов профил на социјалните мрежи кој ќе ви служи за флерт. Ставете фотографии од вашето последно патување или линк од филмот кој го гледавте вчера. Ставајте работи на кои ќе може да се разврзе комуникација, а не само да го одберете оној кој има најубави очи на профил фотографијата.
И ако се уште се двоумите дали да прифатите состанок со момче од Фејсбук, престанете! Па ова е 2012, тоа беше непријатно во 2008.
NotForMen препорака: 10 начини да пронајдете момче до лето
АКЦИЈА: Креирајте нови спомени
За да се ослободите од спомените за поранешниот отидете на местата кои ве потсетуваат на него и креирајте нови спомени, па така тој ресторан наместо да го паметите по романтичната вечера со него, ќе го паметите по лудата ноќ со пријателките или пак на филмот кој едвај го очекувавте да го погледате заедно во кино, појдете со нов партнер.
СТАВ: Сама и среќна
Денот кога ќе си кажете себе си и на пријателките дека не сте заинтересирани за врски и сакате само добро да се забавувате е денот кога ќе сретнете ново момче.
Ако не сте опседнати со тоа дека не можете да функционирате сами тогаш е помала веројатноста да се смирите покрај некоја не доволно добро прилика за вас.
МИСИЈА: Новата вие
Сменете нешто, било што! Ако носите очила, ставете леќи, никогаш не сте носеле портокалово, поздравете го новиот фустан во боја на мандарина, цел живот имавте долга коса, време е за машка фризура итн. Што и да направите ќе ви ја подигне самодовербата и ќе ве расположи.
Излезете во нов бар, ноќен клуб или ресторан, одете на различни манифестации и прифатете понуди кои никогаш ен би ги прифатиле за да сретнете нови луѓе.
Исто така дозволете им на пријателките да ве запознаат со некое ново момче. Ако ништо друго од различните состаноци ќе научите многу нови работи.
.gif)






















.gif)
























