
Момчето од факултет за кое мислевте „како тој успеа да фати жешка девојка?“ раскина со неа и започна да се состанува со друга жешка девојка, а вие се уште сте сингл.
Кога последен пат бевте на навистина добар состанок? Ако ви е тешко да се сетите тогаш значи и вам итно ви е потребен состанок. Ајде исклучете го филмот, станете од креветот и време е за малку акција!
Еве ги сигналите дека e време да излезете на состанок:
Излеговте од шема
Сите анегдоти подготвени за состаноци ви се како музејски експонати. Повторно ги прераскажувате незгодите од вашиот одмор со Ана од пред 6 години. Потоа раскажувате за момчето кое си го истури врелото кафе во скутот за време на вашиот прв состанок. а кога ќе подразмислите тоа беше токму по вашето запишување на факултет. Времето лета, зарем не?
Пијани незначајни бакнежи
Речиси секој викенд шетате пијана по дискотеките, се мувате со некое момче кое прв пат го гледате и од што толку не сте заинтересирана за него, дури и не се сеќавате на неговото име следното утро.
Обидете се да се сетите на последниот трезен бакнеж, ако е одамна време е за црвена тревога!
NotForMen препорака: 10 знаци дека сте премногу пребирлива
Најромантично нешто ви се филмовите
Најромантичното нешто кое ви се случило во последно време е кога Anna Faris во What’s your number скришно се прекачуваше преку огромен ѕид само да му каже на својот сосед колку многу го сака.
Го гледавте филмот сами во кревет и плачевте многу на моменти.
Сите сменија по два партнери, а вие сингл
Момчето од факултет за кое мислевте „како тој успеа да фати жешка девојка?“ раскина со неа и започна да се состанува со друга жешка девојка, а вие се уште сте сингл.
Напад од стројници
Пријателките, колегите, мајка ви започнаа жолчно да инсистираат да ви наместат некого. Тие упорно бараат соодветен кандидат и се навистина убедливи.
Подобро земете ги работите во свои раце!
Одамна раскинавте
Со последното момче раскинавте пред 6 месеци, а последниот состанок ви беше навистина лош состанок.
Навистина сакате врска годинава, па време е да поработите на тоа. Врските започнуваат со состанок!
.gif)






















.gif)
























