kavaler2Кавалерот за својата дама
Доказ дека кавалери сепак чекорат на оваа земја, а вашиот романтичарски сон е реален.
cudoviste_nevideno„Чудовиштето“ се всели во нашиот дом!
Се сеќавам мајка ми го прати татко ми во комшии само за да не добие срцев удар...
flertuva_so_druga_cura_dodeka_e_so_devojka_muМажите откриваат зошто изневеруваат
Неколку машки ни ги открија причините зошто ги изневеруваат своите девојки.
go_turkaКомплицирани мажи за излегување
Постојат неколку типови мажи кои е добро да ги избегнувате.

Љубов од навика

Corbis-42-30453173

Само за туѓите желби и интереси и вашата недоволна храброст да се соочите со реалноста останувате покрај него и посегнувате по глумата дека сте болни само да не излезете со него.

Секој следен месец од врската како да е зачнат од споменот на почетната љубов и некогашната еуфорија од врската со партнерот. Денес со сигурност можете да си потврдите дека сте со него од навика. И нема да се излажете!

Некогаш одамна

Некогаш одамна колената ви затреперуваа од помислата дека ќе го видите, бакнете, излезете на состанок со него или заедно го поминете викендот. Денес ги имате само фотографиите од тоа време кои се неми сведоци на вашата некогашна љубов. Денес не ве врзува ништо повеќе од навика и мирно срце кога од вашата уста излегува „Те сакам“.

И не знаете по кој пат се прашувате каде исчезнала страста и која е силата која врзува окови околу вашето и неговото срце за да не се сретнат на половина пат.

Не сте единствени, доколку е некаква утеха. Многу парови не/функционираат на сличен начин.

 

NotForMen препорака: Мажите се плашат од врска по навика

 

Одложен крај

Сега не е време за раскинување. Вашата мајка премногу го сака, а и тој нејзината салата и кифлички. Освен тоа веќе уплативте за заеднички викенд на планина. Најверојатно ќе го почекате уште малку за тој прв да ја отвори темата за правецот во кој се движи вашата врска.

А што до тогаш? Уште малку ќе го одложувате сожалувањето кое ви го подготвува околината бидејќи нели ќе бидете таа која ја поминува фазата на депресија по раскинот на долгогодишната врска и ќе се подготвувате за „ уживањето“ во појаснување на причините за раскинот бидејќи сите ќе ги интересира тоа.

Пропуштена среќа

Од оваа врска не добивате ништо, а најмалку љубов и разбирање од партнерот што е повеќе од доволен повод да не пропуштите многу нешта.

Само за туѓите желби и интереси и вашата недоволна храброст да се соочите со реалноста останувате покрај него и посегнувате по глумата дека сте болни само да не излезете со него. Лажете дека го сакате и тогаш кога сте убедени во спротивното и упорно се преправате пред другите дека сте среќна двојка.

Заспивате со помислата кој изговор да го смислите за утре за да не се видите, освен тој да не ве претече со некој негов. И се така во недоглед затоа што тој е ваша секојдневна навика, а врската со него наликува на обична конекција меѓу двајца странци.

Понекогаш е подобро бродот да го напуштите уште пред да потоне, но и за тоа е потребна храброст. Да таа е повеќе од пресудна за да создадете поволна атмосфера за нова среќа, но не лажна и изглумена и никогаш повеќе не врска од навика. Бидете храбри и соочете се!




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Проверете ја вашата граматика дури и во средината на разговорот. Не дозволувајте збунетоста да направи да оставите лош впечаток кај потенцијалниот партнер.                            

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Не влегувајте денес во нешто од кое нема да можете да излезете. Фактите се тука, но можно е да не ги знаете сите детали. Поттргнете се од секој кој е очаен да се обврзе!                            

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Ова е зафатен ден за вас, но се е добро. Ќе ги покажете вашите способности за мултитаскинг и флертување со пријателите, колегите и клиентите. Забавувајте се!                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес претрупаноста со работа треба да ја разбиете во мали делчиња за кои треба да се погрижите, а дури и тогаш ќе бидете преоптоварени. Не срамете се да побарате помош!                              

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Вашиот ум денес остро размислува што ви се случува во домот и на работа. Енергијата подобро потрошете ја на решавање проблеми отколку на правење планови.                            

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес можете да реагирате бргу, имате енергија за тоа. Дури и да имате многу пречки и прекини ќе успеете ако имате доверба.                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Денес ќе развиете вкус за нешто сосема ново, можеби нов вид на храна или нешто сосема лудо. Тоа ќе ве одведе на пат, кој никој не би го очекувал од вас.                              

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Нешто ќе ви го привлече вниманието рано денес и може ќе се постават прашања од кои ќе ви заѕвони ѕвончето. Треба се да се реши веднаш, побарајте помош!                                

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Не можете јасно да размислувате. Не грижете се, само излезете надвор и правете работи од кои крвта ќе ви пулсира, потоа се ќе дојде само.                                

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Вашата ментална состојба денес доживува невообичено ниво на јасност, па искористете го тоа мислејќи на најтешките проблеми. Ќе дојдете до откритие!                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Треба да покажете дека вашата креативна страна е се уште активна. Секако дека е, но потребно е вашите луѓе да го видат плодот од тоа.                              

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Денешните чудни проблеми бараат креативни решенија. Нека ве поддржат пријателите и колегите за паметните идеи полесно да излезат на површина.                            

23-05-2012
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler