Corbis-42-30894064180 секунди за да го процените дали е вистинскиот
Интуицијата може да ви открие дали со него ќе се најдете под олтарот!
piknik_vo_parkМомците помагаат...
Како да ги возбудите со алишта на нив?
wild_sexПронајдете ја неговата Г-точка
Не сте само вие одредени да уживате во моќта на Г-точката. Сетете се на секс-реципроцитетот.
malasabВашиот празник на осаменост или нов ден без него?
Избришете ги старите случувања од вашиот љубовен календар и почнете да ги испишувате новите датуми.

5-те најлоши поводи за брак

Corbis-42-17697912

Понудата за брак нема никаква поврзаност со времето кое официјално сте го поминале заедно доколку не сте доволно блиски или неподготвени за брак.

Пред да го изговорите судбоносното „да“ треба да знаете дека бракот не е за ден или два. Токму вашиот потврден одговор треба да го изговори срцето, а не тоа да биде последица затоа што биолошкиот часовник ви се заканува, сите ве советуваат дека долгогодишното момче е „добра прилика“, затоа што сите пријателки веќе чуваат дете или пак се плашите доколку не ја ставите неговата бурма на рака дека ќе бидете оставени.

Кои се најлошите причини поради кои бракот може да ви се претвори во кошмар?!

Тој е „добра прилика“

Тој за друштвото е најзабавен, за работодавачот најтрудољубив, а вашата мајка го сака затоа што е фин и културен, па не еднаш сте слушнале дека тој е добра прилика за вас.

Пристојно изгледа, добро заработува и се познава дека ве сака - зарем позитивното мислење за него во средината е пресудно вие да го грабнете трчајќи кон олтарот?

Ова може да биде лош повод за брак доколку фразата „добра прилика“ не сте ја почувствувале на сопствената кожа и оставате една животна одлука да биде осудена на влијание на туѓите искуства и ставови.

Долго време сте во врска

Уште многу одамна испланиравте дека по дипломирањето и вработувањето следи тригодишна врска по која следи брак.

Минатиот месец го прославивте тригодишниот јубилеј и сега сонувате за малото црвено кутивче со прстен отворено пред вас.

Понудата за брак нема никаква поврзаност со времето кое официјално сте го поминале заедно доколку не сте доволно блиски или неподготвени за брак.

Сите пријателки ви се омажија

Сите блиски пријателки со задоволство ги раскажуваат своите искуства од брачниот живот и постојано ги евоцираат спомените од свадбата и медениот месец додека вие се чувствувате сосема маргинално во нивно друштвото.

Подобро е да го промените кругот на пријателки со кои пиете кафе наместо да иницирате брак. Освен што ќе звучите очајно ќе мора да се соочувате со брачните окови кои не секогаш се лабави само за да не бидете единствени немажени во друштвото.

Љубопитноста како им е на пријателките не секогаш е исплатлива опција, а бракот најмалку наликува на авантура во која сите се впуштаат, па морате и вие.

 

NotForMe препорака: Врска од 1 година - гаранција за успешен брак?!

 

Времето ве гази

Вашата мајка се омажила на 23, братучетка ви на 25, а вие имате цели 27 и ретко помислувате да ја официјализирате врската со партнерот.

Постојано ве потсетуваат дека сега е вистинскиот момент да го испочитувате биолошкиот часовник и да не дозволите времето да ве згази пред да биде предоцна за брак.

Вашата или возраста на партнерот нема никаква поврзаност со една таква значајна одлука каква што е бракот. Зрелоста која најчесто доаѓа со годините е пресудна за да се одлучите за судбоностното „да“, но тоа во никој случај не значи неподготвени да брзате затоа што имате 30+.

Притисок од него или од страна

Неговата последна иницијатива за посериозен разговор на тема брак заврши со уцена од типот „доколку не прифатиш тоа би значело крај“.  Стравот да не го изгубите одзема многу од вашата среќа, а притисокот од негова страна е повеќе е доказ дека сте многу далеку од предбрачната блискост, а не пак од бракот како институција.

Ова важи и за притисокот од страна на други за кои не смеете да дозволите да бидат иницијатори на нешто лично ваше затоа што последиците кои може да бидат поразителни и да ви го уништат животот.




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Проверете ја вашата граматика дури и во средината на разговорот. Не дозволувајте збунетоста да направи да оставите лош впечаток кај потенцијалниот партнер.                            

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Не влегувајте денес во нешто од кое нема да можете да излезете. Фактите се тука, но можно е да не ги знаете сите детали. Поттргнете се од секој кој е очаен да се обврзе!                            

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Ова е зафатен ден за вас, но се е добро. Ќе ги покажете вашите способности за мултитаскинг и флертување со пријателите, колегите и клиентите. Забавувајте се!                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес претрупаноста со работа треба да ја разбиете во мали делчиња за кои треба да се погрижите, а дури и тогаш ќе бидете преоптоварени. Не срамете се да побарате помош!                              

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Вашиот ум денес остро размислува што ви се случува во домот и на работа. Енергијата подобро потрошете ја на решавање проблеми отколку на правење планови.                            

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес можете да реагирате бргу, имате енергија за тоа. Дури и да имате многу пречки и прекини ќе успеете ако имате доверба.                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Денес ќе развиете вкус за нешто сосема ново, можеби нов вид на храна или нешто сосема лудо. Тоа ќе ве одведе на пат, кој никој не би го очекувал од вас.                              

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Нешто ќе ви го привлече вниманието рано денес и може ќе се постават прашања од кои ќе ви заѕвони ѕвончето. Треба се да се реши веднаш, побарајте помош!                                

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Не можете јасно да размислувате. Не грижете се, само излезете надвор и правете работи од кои крвта ќе ви пулсира, потоа се ќе дојде само.                                

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Вашата ментална состојба денес доживува невообичено ниво на јасност, па искористете го тоа мислејќи на најтешките проблеми. Ќе дојдете до откритие!                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Треба да покажете дека вашата креативна страна е се уште активна. Секако дека е, но потребно е вашите луѓе да го видат плодот од тоа.                              

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Денешните чудни проблеми бараат креативни решенија. Нека ве поддржат пријателите и колегите за паметните идеи полесно да излезат на површина.                            

23-05-2012
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler