
Пријателката ни е потребна за да ни потврди дека одлично ни стои новиот фустан.
Се лажете доколку мислите дека само жените се тие кои до замор се борат со мистеријата наречена „машка психологија“.
И мажите имаат неодгатнати поими и неодговорени прашања во врска со женските навики, желби и ставови.
На повеќето мажи не им е јасно како самодовербата може да е последица на јаката шминка и високите потпетици кога изгледате подеднакво секси и без нив?
-
Кои други дилеми им го скокоткаат умот?
- Зошто повеќето девојки го обожаваат „Hello Kitty“?
- Како може да преживеете породување и да трчате со потпетици од 18 сантиметри, а обичен пајак да ве преплаши до смрт?
- Зошто слушате совети од сингл пријателки чии најдолги врски траеле едно деноноќие?
- Зошто посетата на тоалетот е невозможна без пријателката?
- Зошто барате рамноправност на половите кога нема шанси први да го направите првиот чекор колку и да ви се допаѓа момчето?
- Зошто сите мажи ги квалификувате како исти, а сте имале едвај три момчиња во животот?
NotForMaen препорака: 4 типови на жени што мажите ги избегнуваат
Дали следниве женски одговори звучат доволно убедливо?! Оставаме на вас да процените!
***Обожаваме мали и слатки нешта по можност во розова боја. Бушавите маченца и кученца, без разлика дали се живи или играчки ни се посебна слабост бидејќи не потсетуваат не нежност и ги будат нашите внатрешните демони за романтика!
***Пајаците и сличните инсекти за нас се ноќна мора, но мора да признаеме дека веднаш ни е полесно кога сте до нас да не заштитите. Вештината за трчање со високи потпетици не е страшно, ниту опасно едноставно затоа што станува збор за вроден инстинкт.
***Сингл пријателките ни ја враќаат самодовербата кога нешто во врската ќе ни тргне наопаку. Тие секогаш се тука да ни дадат инстант поддршка кога сме разочарани од машкиот род, но и да ја организираат најлудата lady’s night.
***Пријателката ја носиме во тоалет за да се консултираме околу натамошните планови за текот на ноќта, но и за да ни потврди дека одлично изгледаме во новиот фустан. И се разбира да ни позајми од нејзиниот сјај за усни.
***Првиот чекор го препуштаме на машкиот род, а ние сме тука само да дадеме тајни сигнали и по некоја инструкција. Навистина обожаваме кавалери, но колку и да сме заинтересирани ретко ќе го направиме првиот чекор.
***Сите мажи се исти или слични, а за тоа доказ се не само нашите поранешни момчиња туку и пријателот, братот или братучедот. Едноставно слични освојувачки потези применувате и слично реагирате во ситуациите.
.gif)






















.gif)























