
Освен што му значи вашето мислење, тој е среќен кога ќе добие некој совет од вас. На пример која кошула да ја облече.
Посакувате да имате моќ за разоружување на целиот машки род?! Доволни ви се само неколку трикови за заведување кои ќе ве направат сопственичка на неговото срце.
Како да го заведете и уште потешко задржите?
Бидете независни
Тој посакува партнерка која не е опседната со љубовниот живот туку нејзиниот спектар на интересирања е широк. Тоа за партнерот би било потврда дека вие сте независна жена која ја цени и знае како да ја искористи сопствената слобода.
Важен фактор за успешна врска е да имате повеќе интересирања кои нема да дозволат заеднички поминатото време да се загуши во монотонија.
Тој е ненаситен за партнерка која е активна на повеќе полиња, која постојано изненадува со креативни идеи и може да се снајде и без партнерот.
Дајте му слобода
Дури 64 % од машките изјавиле дека сакаат само малку време слободно за себе, како и тоа дека се многу благодарни на оние жени кои знаат да го ценат тоа.
Тоа што еднаш неделно тој ќе се гледа со другарите е одлична можност и вие да ги одржувате контактите со пријателките, а по подолга дистанца заедничкото време ќе ви биде поисполнето. Додека сте разделени искористете ја можноста да го заведете!
NotForMen препорака: Бидете неговата жена за сите времиња
Бидете со став
Најверојатно тој ви сервира дека согласувањето е важен предуслов за успешна врска, но во реалноста го посакуваат токму спротивното. Наместо потврдно да кимнувате со главата на секој негов збор нему повеќе ќе му значи вашиот пробивен и цврст став.
Не срамете се да му покажете дека знаете што сакате и не ви е тешко да се изборите тоа да го имате.
Освен што му значи вашето мислење, тој е среќен кога ќе добие некој совет од вас. На пример која кошула да ја облече.
.gif)






















.gif)























