
Дефинитивно нема потреба да зборувате за големината на вашата плата на првиот состанок, но со текот на времето пожелно е да го спомнете финансискиот багаж кој го носите.
Како што постојано излегува нова верзија на mozzila firefox, а facebook константно се надградува, така и љубовните правила не се непроменети. Она што важеше во времето на нашите мајки и баби, денес можеби не е најдобриот начин за градење на една врска.
Иако звучи непривлечно, преголемиот број работни обврски го прават закажаниот секс неопходен, а рецесијата отворените разговори за финансиите задолжителни.
Запознајте се со 4-те нови љубовни правила:
СТАРО ПРАВИЛО: Живеењето на иста адреса пред брак е лошо за врската.
ЗОШТО НОВО ПРАВИЛО?
Според најновото истражување на National Center for Health Statistics паровите кои живеат заедно пред брак ја имаат истата шанса за среќен брак, како и оние кои не делат иста адреса.
Најважно е да бидете искрени околу причините зошто одлучувате да живеете заедно, а не да одлучите да ги играте куќа поради недостиг на пари или проблеми во домот. Кохабитациониот брак е одличен тест за вашиот однос и функционирање заедно во иднина.
NotForMen препорака: Мудроста на баба ми во 4 реда
СТАРО ПРАВИЛО: Сексот без обврски никогаш не може да се претвори во нешто значајно.
ЗОШТО НОВО ПРАВИЛО?
Господинот Авантура лесно може да се претвори во господинот Вистински. Истражувањата покажуваат дека доста врски започнале од незначаен секс за една вечер. Ваквите авантури повеќе не се табу тема.
Ако не сакате вашиот пријател со бенефиции да ви стане нешто повеќе од тоа избегнете го искушението да се гледате секој ден, да му се јавувате секој пат кога ви е здодевно и блискоста одржувајте ја само околу сексот.
СТАРО ПРАВИЛО: Сексот мора да биде спонтан за да биде жежок.
ЗОШТО НОВО ПРАВИЛО?
Спонтаниот секс се повеќе е мит. Сетете се дека најжешките игри во креветот во текот на врската ви беа испланирани и очекувани. Дали ја облековте најсекси долната облека која ја поседувате пред да излезете на таа романтична вечера? Значи акцијата потоа била однапред закажана.
Во текот на долгите врски ризично е само да чекате секс желбата да ве фати неподготвени, треба свесно да издвојувате време за тоа. Добрата вест е што подготовката може да функционира како целодневна предигра, градејќи тензија која ќе експлодира кога конечно ќе бидете во креветот со вашиот партнер.
СТАРО ПРАВИЛО: Не разговарајте за пари освен ако не сте во брак.
ЗОШТО НОВО ПРАВИЛО?
Експертите велат дека парите се една од топ трите жешки теми за кавги меѓу паровите и не е воопшто чудно што се обидувате да ја избегнувате. Но сепак важно е таа да дојде на распоред бидејќи ако сте двојка која не говори за пари додека се состанува, сигурно во еден миг ќе станете двојка која се кара за пари.
Дефинитивно нема потреба да зборувате за големината на вашата плата на првиот состанок, но со текот на времето пожелно е да го спомнете финансискиот багаж кој го носите во врската пред работите да станат пресериозни.
Кажете му отворено за вашиот ОК кредит запазувајќи ја љубовната заповед без тајни и изненадувања на патот. Како штедите или трошите на дневна база ќе влијае на вашите идни заеднички планови.
.gif)






















.gif)























