shhhhhШто треба да премолчите?
Кои реченици не треба да им ги кажувате на мажите за да не ги извадите од такт?
hideeeeЗошто тој избега од мене?
Преголемото разменување чувства кај мажите предизвикуваат паника.
pogresen7 знаци дека излегувате со погрешен!
Мажите ве учат како да процените дека сте премногу добра за него.
se_odmoraat_kraj_bazenМомци, изгледот е важен!
Кои машки навики не се популарни кај понежниот пол?

Раскинувањето е научно докажан хорор филм

skrseno2

Оптимистите, кои се држат за она: „што нема да те убие ќе те направи посилен“, ќе се разочараат кога ќе чујат дека навистина можете да умрете од скршено срце.

Во последно време партнерот како да си задал мисија да ве нервира и да го извади најлошото од вас... Но сепак ако на ум ви се врти мислата да му раскинете можеби и не треба толку да брзате.

Дадете и шанса за врската, таа сигурно е доволно силна да го преживее и овој бродолом. Еве што се ќе ви се случи ако одлучите да раскинете:

И ВАШИТЕ ПРИЈАТЕЛИ ЌЕ РАСКИНАТ

Кога двојка раскинува или се разведува, и нивните блиските пријатели и роднини е поверојатно да раскинат за 75 проценти.

Многу е интересно што изгледа како сите околу вас само да чекаат изговор за да раскинат со нивниот партнер, па потребна им е само храброста која им ја давате со вашата постапка.

Започнете од модата, па ќе ви стане јасна навиката на луѓето да се имитираат едни со други.

ЗАВИСНИ СТЕ ОД ЉУБОВ, КАКО ЌЕ СЕ ОТКАЖЕТЕ?

Како и се друго што прави да се чувствувате добро, студиите покажаа дека можете да станете зависни од чувството што го добивате кога сте во врска. Вие сте зависни од љубов!

Тоа ја прави сета убавина на врските, но и сета мизерија потоа. Сте се обиделе ли да се откажете од пушење или пиење? Епа ете го чувството и со откажување од љубениот.

 

NotForMen препорака: Зошто разделбите се болни?

 

ЌЕ БИДЕТЕ ПОСИРОМАШНИ
Ако се подготвувате да го оставите партнерот подгответе се да бидете посиромашни и да го видите него за 20% побогат.

Можеби вие нема да можете да си дозволите скапи чевли, но него пак ќе го најдете на шанкот во барот. Мажите се многу поподложни на осаменост и со тоа навлекување на дрога и алкохол после раскинувањето. И тоа не говориме за првите депресивни недели по раскинувањето, туку и за години подоцна.

ЌЕ ИМАТЕ КРИЗА СО ИДЕНТИТЕТОТ

После раскинувањето најверојатно ќе имате криза со идентитетот. Без разлика колку сте силни и независни пред врската вам навистина ќе ви недостига, иако звучи клише, вашата друга половина.

Луѓето кои раскинуваат се несреќни дури и 4 години потоа покажуваат некои истражувања.

После раскинувањето сте склони кон избрзани одлуки и промени, но тоа може да биде понекогаш и добро, како на пример да го симнете вишокот килограми. Но не правете грешка да влетате веднаш во нова врска или да направите целосна трансформација на вашата личност.

МОЖЕ ДА УМРЕТЕ ОД СКРШЕНО СРЦЕ

Оптимистите, кои се држат за она: „што нема да те убие ќе те направи посилен“, ќе се разочараат кога ќе чујат дека навистина можете да умрете од скршено срце. Да, истражувачите го открија тоа!

Раскинувањата се навистина стресни ситуации и телото реагира со ослободување на огромна количина адреналин, кој е типичен одговор. Премногу адреналин може да го оптовари срцевиот мускул и да одведе кон сериозни компликации, а вие заминувате во болница со сите симптоми на срцев удар.

Ова всушност не е срцев удар, меѓутоа ако притисокот продолжи подолго време може да предизвика таков.




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Проверете ја вашата граматика дури и во средината на разговорот. Не дозволувајте збунетоста да направи да оставите лош впечаток кај потенцијалниот партнер.                            

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Не влегувајте денес во нешто од кое нема да можете да излезете. Фактите се тука, но можно е да не ги знаете сите детали. Поттргнете се од секој кој е очаен да се обврзе!                            

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Ова е зафатен ден за вас, но се е добро. Ќе ги покажете вашите способности за мултитаскинг и флертување со пријателите, колегите и клиентите. Забавувајте се!                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес претрупаноста со работа треба да ја разбиете во мали делчиња за кои треба да се погрижите, а дури и тогаш ќе бидете преоптоварени. Не срамете се да побарате помош!                              

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Вашиот ум денес остро размислува што ви се случува во домот и на работа. Енергијата подобро потрошете ја на решавање проблеми отколку на правење планови.                            

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес можете да реагирате бргу, имате енергија за тоа. Дури и да имате многу пречки и прекини ќе успеете ако имате доверба.                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Денес ќе развиете вкус за нешто сосема ново, можеби нов вид на храна или нешто сосема лудо. Тоа ќе ве одведе на пат, кој никој не би го очекувал од вас.                              

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Нешто ќе ви го привлече вниманието рано денес и може ќе се постават прашања од кои ќе ви заѕвони ѕвончето. Треба се да се реши веднаш, побарајте помош!                                

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Не можете јасно да размислувате. Не грижете се, само излезете надвор и правете работи од кои крвта ќе ви пулсира, потоа се ќе дојде само.                                

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Вашата ментална состојба денес доживува невообичено ниво на јасност, па искористете го тоа мислејќи на најтешките проблеми. Ќе дојдете до откритие!                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Треба да покажете дека вашата креативна страна е се уште активна. Секако дека е, но потребно е вашите луѓе да го видат плодот од тоа.                              

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Денешните чудни проблеми бараат креативни решенија. Нека ве поддржат пријателите и колегите за паметните идеи полесно да излезат на површина.                            

23-05-2012
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler