
Купете му практичен подарок како шал, капа, џемпер, капут, па дури и зимски чевли ако се согласи да ве придружува при бирањето на подарокот.
Ајде оваа година да ги прескокнеме сите тие плишани мечиња, чоколади во вид на срце и книги со трогателна содржина. Без разлика дали сакаме да прифатиме или не, мажите не се воопшто романтични, а ако се смешкаат задоволно на овие подароци тоа го прават само од култура и љубов кон вас.
NotForMen препорака: Формула за избор на подарок
На овие едноставни суштества одлично би било да им купите практичен подарок, без разлика дали се работи за вашата годишнина, неговиот роденден или Денот на вљубените. Одлучете се за дизајнирана чаша за пиво, боксерици со забавен дизајн или паричник.
Но ако сте подолго со него во врска тогаш ви е дозволено, без остри критики и јавни дебати, туку преку мали насоки при шопингот и подароци во вакви пригоди, да влијаете на неговиот стил на облекување. Оваа зима помогнете му да биде вашето тренди момче на кое секоја девојка ќе ви позавиди.
Купете му практичен подарок како шал, капа, џемпер, капут, па дури и зимски чевли, ако се согласи да ве придружува при бирањето на подарокот.
Да, не е ни малку романтично, ниту црвено, ниту пуфкасто, но ќе видите колку ќе ви биде мило кога и после две години ќе го забележите облечен во џемперот од вас, кој патем ќе ја има вашата омилена боја.
Еве ги нашите предлози:
.gif)






















.gif)























