dvojce2СЦЕНАРИО: ПРОПАДНАТ СОСТАНОК
Чашка по чашка тој почна да се отвора и да ја раскажува својата животна приказна.
polugol_parСексуалните желби на партнерите
Какви желби имаат вашите партнери, а со сигурност нема да ви ги откријат?
hotttt_bodyМажите се опседнати со пенисот!
Сте се почувствувале ли некогаш како пенисот да е поважен од вас?
ne_zaboravaj_da_go_prasasОткријте го на првото видување!
4 теми што заслужуваат да бидат отворени на првиот состанок.

Дали мажите се плашат да нé запознаат со пријателите?

taa_so_negovite_prijateli

Нормално е партнерот да се плаши да ве запознае со пријателите. Тоа и не треба толку да ве загрижува бидејќи опасно е ако не се плаши. Тоа значи дека не сте му толку важна и сеедно му е каков впечаток ќе оставите на нив или тие на вас, бидејќи и онака не планира ништо сериозно.

Еве што ни одговорија момците кога ги прашавме колку ги плаши првата средба:

Благоја (26): „Првата средба ни најмалку не ме загрижува, бидејќи ако зборуваме за вистински другари, тие треба да го почитуваат мојот избор и вкус."

Иван (24): „Моите пријатели многу кажуваат за тоа каков сум јас, затоа ако не ѝ се допаднат, постои можност и јас да престанам да ѝ се допаѓам. Од друга страна, ако другарите мислат дека таа не е вистинската, колку и да не се согласувам, ќе почнам да ги забележувам маните што ми ги посочиле."

Бобан (27): „Ничие мислење не треба да биде пресудно освен сопственото. Но, работите би биле одлични доколку сите би се согласувале, во спротивно едната страна секогаш ќе страда."

Дали се плашат или не, тие нека му ја мислат. Доволен е за вас притисокот што се трудите да се спријателите и да оставите добар впечаток. Ако тој се сомнева во вашите квалитети поради нечиј коментар, тогаш можеби и не ве заслужува.

Секој има создадено приближна визија за тоа како сака да се одвива првата средба, како да изгледа партнерката, како да се однесува, каде да се одвива запознавањето и слично. Еве што изјавија момците на оваа тема:

Христијан (20): „На првата средба сакам девојка ми да изгледа колку што може поатрактивно, да не биде срамежлива, туку слободно да зборува и да се однесува природно."

Владо (27): „Најмногу се нервирам кога девојките на првата средба одеднаш стануваат нешто што не се. Не знаат да прифатат шега, не се смеат и постојано гледаат во часовникот како да се пред суд. Никој нема намера да ги навреди, шегите се во функција да ги олабават."

Михајло (23): „Ако нешто сум ѝ кажал за некој од моите другари, не значи дека кога ќе ги запознае, треба да го спомене тоа. Некои коментари треба да останат помеѓу нас, а не моите другари да помислат дека им зборувам зад грб."

Лазе (29): „Најчудна ситуација е кога на првата средба некој од другарите ќе дојде со девојка и тие две не разменуваат збор цела вечер. Никогаш не ми било јасно зошто? Дали поставуваат натпревар која ќе биде главна во друштвото? Машките никогаш не го прават тоа, веднаш наоѓаат тема за зборување."

Ивица (27): „Многу е смешно кога ќе ја поканиш девојката да ја запознаеш со другарите на дневно кафе, а таа се појавува со тон пудра, потпетици од 12 см, накит, фустан... Па нема да одиме во дискотека. Отсега кога ќе им се јавувате, потсетете ги како треба да изгледаат."

Заклучокот поедноставен и не може да биде. Правилото е просто, бидете спонтана. Ако сте мирна по природа, не форсирајте се да бидете гласна. Ако сте темпераментна и сé ве интересира, интересирајте се. Важно е да го покажете тоа во што се заљубил нивниот пријател.

Сигурно секогаш сте се прашувале што е тоа што неговите пријатели прво го забележуваат кај вас. За да не претпоставуваме, ги прашавме.

Благоја (26): „Дали е атрактивна колку што ја фалеше другар ми."

Ивица (27): „Колку е секси, дали е забавна и дали има убави другарки."

Лазе (29): „Колку е опседната со другар ми бидејќи од тоа зависи колку ќе се дружам со него во иднина. "

Владо (27): „Дали нé гледа со чуден поглед, во смисла колку сте неподносливи."

Сепак и не барале да видат кој знае што. Типични мажи се фаќаат за изгледот и дали ќе имате некоја другарка за местење. Затоа, нека не ве плаши ваквата средба, а за да не се плаши и партнерот, прочитајте му ја статијава.




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Проверете ја вашата граматика дури и во средината на разговорот. Не дозволувајте збунетоста да направи да оставите лош впечаток кај потенцијалниот партнер.                            

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Не влегувајте денес во нешто од кое нема да можете да излезете. Фактите се тука, но можно е да не ги знаете сите детали. Поттргнете се од секој кој е очаен да се обврзе!                            

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Ова е зафатен ден за вас, но се е добро. Ќе ги покажете вашите способности за мултитаскинг и флертување со пријателите, колегите и клиентите. Забавувајте се!                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес претрупаноста со работа треба да ја разбиете во мали делчиња за кои треба да се погрижите, а дури и тогаш ќе бидете преоптоварени. Не срамете се да побарате помош!                              

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Вашиот ум денес остро размислува што ви се случува во домот и на работа. Енергијата подобро потрошете ја на решавање проблеми отколку на правење планови.                            

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес можете да реагирате бргу, имате енергија за тоа. Дури и да имате многу пречки и прекини ќе успеете ако имате доверба.                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Денес ќе развиете вкус за нешто сосема ново, можеби нов вид на храна или нешто сосема лудо. Тоа ќе ве одведе на пат, кој никој не би го очекувал од вас.                              

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Нешто ќе ви го привлече вниманието рано денес и може ќе се постават прашања од кои ќе ви заѕвони ѕвончето. Треба се да се реши веднаш, побарајте помош!                                

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Не можете јасно да размислувате. Не грижете се, само излезете надвор и правете работи од кои крвта ќе ви пулсира, потоа се ќе дојде само.                                

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Вашата ментална состојба денес доживува невообичено ниво на јасност, па искористете го тоа мислејќи на најтешките проблеми. Ќе дојдете до откритие!                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Треба да покажете дека вашата креативна страна е се уште активна. Секако дека е, но потребно е вашите луѓе да го видат плодот од тоа.                              

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Денешните чудни проблеми бараат креативни решенија. Нека ве поддржат пријателите и колегите за паметните идеи полесно да излезат на површина.                            

23-05-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?