bura1Неговото слатко-горко ДА
Порано се противеа, ви докажуваа и објаснуваа, но вие говорите со 300 на час и секогаш сте во право.
drzi_ruza_i_ja_bacuvaУспешна во кариера, но и во љубовта
Покажете му дека во исто време може да бидете успешна во работата, но и во врската.
mit7 митови за мажите и сексот
Големи стапала = Голем пенис или мажите мислат на секс секои 7 секунди.
vo_krevet_i_sepka_na_uvo_nesoШто потајно сака од вас?
Кои работи ги сака од вас, а никогаш нема да ви ги каже?

Што се крие во вашиот плакар?

maz_so_gradnik

Замислете си ваква ситуација: вашето ново момче ви доаѓа на гости. Го пречекувате и го сместувате во својата соба. Го оставате сам да поседи додека да го сварите кафето. Тој чека, но набрзо му станува здодевно. Станува од креветот и почнува да разгледува наоколу. Знаете ли што е тоа што сака да го види?

Сигурно не ви паднало на памет да се подготвите за ваква ситуација. Имајте на ум дека собата е реален одраз на вашата личност и вкус. Тој може да заклучи каква девојка сте според тоа што го чувате во плакарот.

Замоливме неколкумина момци да ни одговорат што би сакале да видат во женски плакар? Еве што ни одговорија:

Милан (25): „Прво што би сакал да видам во нејзината соба е долната облека. Ако поседува уникатни и убави парчиња, значи дека е девојка со стил која знае како да постапува со маж и што е најважно сака да експериментира в кревет."

Александар (26): „Во нејзиниот плакар би ги побарал чевлите. Ако носи само рамни или патики, мислам дека ќе се разочарам. Супер се за преку ден, но за навечер се разбира, исклучиво високи потпетици. Никој од нас не се разбира кои се убави или модерни, важен е ефектот. Кога даваме комплимент за чевлите, всушност сакаме да кажеме дека нозете изгледаат секси во нив."

Владимир: (23): „Мислам дека нема нешто попровокативно во женски плакар од тесен фустан по можност црвен. Кога би го видел кај неа во соба, веднаш ќе почнам да ја замислувам во него. Сигурно следниот ден ќе ја поканам на вечера со надеж дека ќе го облече. Треба да им се забранат фармерки на жените. Само во фустан се истакнуваат облините."

Иван (25): „Сум се нашол во ваква ситуација и прво што забележав беа очила оставени на бирото. Не знаев дека носи очила. Почнав да ги ставам пред огледало кога таа неочекувано влезе. Ми ги зеде и си ги стави. Откако ја видов не можеше од глава да ми излезе сликата како лежиме на нејзиниот кревет, а таа облечена како лекарка ме гледа со спуштени очила."

Сашо (26): „Иако знам дека ова никогаш нема да го доживеам, ама многу би сакал да налетам на кутија полна со секс играчки. Кога девојките кај нас би биле толку диви, би било супер. Можеби и се, само што се плашат да се покажат."




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Проверете ја вашата граматика дури и во средината на разговорот. Не дозволувајте збунетоста да направи да оставите лош впечаток кај потенцијалниот партнер.                            

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Не влегувајте денес во нешто од кое нема да можете да излезете. Фактите се тука, но можно е да не ги знаете сите детали. Поттргнете се од секој кој е очаен да се обврзе!                            

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Ова е зафатен ден за вас, но се е добро. Ќе ги покажете вашите способности за мултитаскинг и флертување со пријателите, колегите и клиентите. Забавувајте се!                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес претрупаноста со работа треба да ја разбиете во мали делчиња за кои треба да се погрижите, а дури и тогаш ќе бидете преоптоварени. Не срамете се да побарате помош!                              

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Вашиот ум денес остро размислува што ви се случува во домот и на работа. Енергијата подобро потрошете ја на решавање проблеми отколку на правење планови.                            

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес можете да реагирате бргу, имате енергија за тоа. Дури и да имате многу пречки и прекини ќе успеете ако имате доверба.                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Денес ќе развиете вкус за нешто сосема ново, можеби нов вид на храна или нешто сосема лудо. Тоа ќе ве одведе на пат, кој никој не би го очекувал од вас.                              

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Нешто ќе ви го привлече вниманието рано денес и може ќе се постават прашања од кои ќе ви заѕвони ѕвончето. Треба се да се реши веднаш, побарајте помош!                                

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Не можете јасно да размислувате. Не грижете се, само излезете надвор и правете работи од кои крвта ќе ви пулсира, потоа се ќе дојде само.                                

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Вашата ментална состојба денес доживува невообичено ниво на јасност, па искористете го тоа мислејќи на најтешките проблеми. Ќе дојдете до откритие!                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Треба да покажете дека вашата креативна страна е се уште активна. Секако дека е, но потребно е вашите луѓе да го видат плодот од тоа.                              

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Денешните чудни проблеми бараат креативни решенија. Нека ве поддржат пријателите и колегите за паметните идеи полесно да излезат на површина.                            

23-05-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?