
Навистина е фрустирачки постојано пред очи да ви е дечкото што ви се допаѓа, а вие да немате поим што тој мисли или чувствува за вас. За да не се доведете во таква ситуација, претходно побарајте некој од овие знаци. Доволно е да препознаете два за да бидете сигурна.
1 знак: не го вади вашето име од уста. Ако е заинтерсиран за вас постојано ќе ви се обраќа по име. Што значи од старт се потрудил да го запамти и тоа е буквално музика за неговите уши.
2 знак: случајно ве допира. Сигурно сте свесна дека нема ништо случајно во таквите допири. Тие се начин да ви се доближи повеќе и знак дека сте почнале сексуално да го привлекувате.
3 знак: ве игнорира на моменти. Додека вие тоа го толкувате како незаинтересираност, тој се срами да не биде разоткриен дека почнува да развива хемија за вас.
4 знак: не сака да зборува за неговото љубовно минато. Ова е најочигледниот знак, бидејќи кога маж не сака да се фали со тоа колку девојки поминал, значи дека многу се заинтересирал за вас и не сака да помислите дека и вие ќе бидете само дел од неговата колекција.
5 знак: ја става вашата реакција на прво место. Кога сте во друштво, и кога кажува нешто невообичаено или најчесто шега, одма погледнува во вас за да види дали успеал да ве насмее. Типично за затрескано машко.
6 знак: ги игнорира другите жени околу него. Опкружен е со убави жени, но сепак со вас го поминува времето за разговор. Поочигледен знак и не постои.
7 знак: неговите пријатели ве прашуваат дали сте зафатена. Бидете сигурни дека никој не води сметка за вашиот живот, а особено при првото запознавање. Очигледно е дека тој ги пратил за да се информира за вас.
.gif)






















.gif)























