
Зошто мажите се опседнати со женските гради? Сега сигурно ќе има такви што ќе се јават и ќе кажат дека тоа не вистина. Но, стоиме на тврдењето дека речиси и да не постои маж што нема да се заврти по девојка со длабоко деколте или по гради поголеми од стандардните.
Постојат дури и такви случаи девојка да добие комплекс поради тоа што има помали гради, а момчето коментира дека би било навистина супер кога би имала малку поголеми.
Како и да е, не може да се негира фактот дека женските гради имаат посебно место во машкиот свет. За повеќе да им се допаѓаат на партнерите, жените почнаа да одат и под нож, а за внимателното одбирање градници да не зборуваме. Луѓе се збогатија заработувајќи со продавање ексклузивни парчиња на кои ниту една жена не може да одолее, а камоли маж.
Да се вратиме на темата и да се обидеме да одговориме на прашањето што погоре го поставивме. Ние издвоивме неколку, а ако вие имате причина плус, слободно споделете ја.
Ефект на смирување...
Како мали, секогаш кога бевме нервозни, лути, тажни... трчавме во прегратката на мама. Ќе ја положиме главата на нејзините меки гради, додека таа не гали по косата и ни кажува утешни зборови. Иако не сакаат да признаат, мажите потешко го поднесуваат моментот на разделувањето и фазата на станување самостоен. Поентата на ова е дека секогаш кога вашето момче легнува на вашите гради, всушност бара спокојност и мир. Тоа е светото место каде што може да замижи и да се ослободи од стресот, слушајќи го ритамот на срцето под вашите гради.
Израз на плодност и женственост...
Градите се една од основните одлики по која жената се разликува од мажот. Досега неколкупати споменавме дека за мажот секогаш е интересно тоа што го нема. Едноставно тој ужива да го испитува тоа што ретко му е достапно. Според теоријата на Charles Darwin, мажите ја одбираат партнерката според градите кои се асоцијација за женственост и плодност. Нормално дека во денешни услови ретко кој бара плодна партнерка, но инстинктот останува да работи во потсвеста на човекот. Сетете се колку пати сте фатиле маж на дело, кој наместо да ве гледа в очи додека му зборувате, тој гледа во вашите гради.
Ерогена зона...
Градите се една од точките што ја возбудуваат жената. Речиси и да не постои маж кој не ги користи во предиграта за секс. Освен што се свесни дека ѝ прават услуга на партнерката, и самите тие уживаат во чинот на милување на градите и брадавиците. И во нормалните ситуации, доволно е да носите потесна маичка за кај него да се роди желба и да почнат да се излачуваат сексуалните сокови.
Визуелна стимулација...
Кај мажите, за разлика од жените, визуелната магија влијае со посилен интензитет. За маж е доволно да види стегната девојка во кратко здолниште и веднаш да почне да фантазира. Тоа и не е толку лошо со оглед на тоа што ни ги олеснува работите. За да го запалите партнерот, доволно е да поработите на деколтето. Но, во никој случај не чувствувајте притисок дека големината има некаква улога. Ако тој вистински ве сака, ќе знае да ужива во тоа што ви го подарила природата.
.gif)






















.gif)























