
За денес имаме поинаква ситуација, смена на улогите. Одеднаш вие станувате како половина од мажите во градов.
Еве како треба да постапите!
Глумите незаинтересирана, не се грижите дали вечерта ќе успеете да бидете на иста локација, не ви е грижа како сте облечена и дали ви е косата во ред. Од цела вечер му обрнувате внимание вкупно 10 минути и тоа на епизоди од по 2 минути. Случајно на поминување или, пак, го прекинувате разговорот за да се поздравите со некој друг. Во меѓу време има можност да ве види како флертувате со разни ликови, но сепак поминувате и до кај него да му дадете некој комплимент за да не ви избега засекогаш.
Како постапувате во реалноста?
Да знаеме дека ако не сите, но има такви кои се препознаа во ситуацијата. Но како што спомнавме, во реалноста е обратно, вие чекате, а тој изведува. И што правите тогаш? Вечерта ви е упропастена. Постојано сте во исчекување со надеж дека следниот пат кога ќе ви пријде, ќе остане малку подолго или можеби ќе ве покани да излезете. Најлошиот факт што сега ќе го чуете за себе е што упорно одите со главата во ѕид и никако да смените тактика. Следниот викенд повторно истото, од километар му покажувате дека пак сте тука за него, само треба да изрази желба.
Како тие постапуваат?
А што прави маж во ваква ситуација? Мажите се инаетчии по природа. Кога нешто ќе наумат, најчесто го истеруваат до крај. Ако некој дал збор да ве освои, ќе го стори тоа по секоја цена. Ако ништо друго, само за да го задоволи своето его и да им докаже на пријателите.
Прва фаза: демнење. Да, на почеток и тој постапува како вас. Ве демне кај ќе стигне, ви се јавува, флертува со вас. Кај и да се свртите, таму е и тој. Се обидува да ве убеди колку би биле совршен пар. Ве опсипува со комплименти и нежности...
Втора фаза: повлекување. Кога стигнува до фазата во која гледа дека тоа не пали, следува фазата на повлекување. Одеднаш ќе го снема. Исто како земјата да го проголтала. Вие навикната да ви се умилкува одеднаш останувате сама. Тоа трае подолго време за на крајот да сфатите дека ви фали неговото внимание.
Трета фаза: доаѓа повторно на сцена. Кога најмалку очекувате и кога веќе сте се откажале од него, ете го се појавува. Вие чувствувате како срцето забрзано ви чука и од возбуда не знаете како да покажете дека ви недостигал. Но, тој само ладно се поздравува со вас и си заминува. Расположен, опкружен со девојки не ни забележува дека очајно се обидувате повторно да го привлечете неговото внимание.
Четврта фаза: планината дојде кај Мухамед. И додека вие тажна седите дома и мислите на него, тој ја слави својата победа бидејќи е сигурен дека ја постигнал целта. Доволно е само да ви се приближи и да спомне излегување. Овој пат нема да биде одбиен.
.gif)






















.gif)























