
Дали досега сте имале секс со некој на првиот состанок? И што се случи понатаму? Дали добивте втор повик? Ние мислиме дека не. Тоа е она што од секогаш било неразбирливо кај мажите.
Ќе те молат, ќе се трудат да те одвлечкаат в кревет и откако ќе го добијат тоа се разочарани. Повеќе не сте истата девојка во нивните очи. Одеднаш сте девојката со кој знае какво минато што не вреди да се испитува.
Не бевте доволна мудра и паднавте во неговата замка, а намерата ви беше да ги исполните сите негови желби од пустиот мерак да бидете со него по секоја цена.
Сигурно ви е јасно што мисли сега за вас. Постојат три опции и трите се лоши:
Прва опција: иако многу ретко сепак постои мал процент на мажи кои ќе се помислат дека девојката е премногу заљубена. Особено ако испадне дека е невина. За жал, и таквата варијанта не носи ништо добро. Тој ќе почне да чувствува одговорност, ќе се исплаши од вашите решителни и сигурни потези и ќе сака да избега.
Втора опција: ако не планирал да има ништо сериозно со вас, нема ни да се прашува ниту да мисли. Важно му е дека го добил тоа што го сака, па во иднина евентуално може да падне уште некој повик за секс. Да звучи лошо.
Трета опција: навистина му се допаѓавте, планираше и втор состанок, но не по тоа што се случи вчера. Па вие кој знае со колку машки сте спиеле досега штом така лесно се соблекувате пред некој кој толку малку го познавате. Не можете да ги обвините што мислат така.
Што ви останува сега... Ако веќе сте постапиле така, не повторувајте ја грешката и не дозволувајте да ве поведат емоциите. Тој може да каже сé за да ве убеди да имате секс, но вие тоа сфатете го како тест по кој ќе заклучи дали вредите да биде со вас.
.gif)






















.gif)























