sabgol_copyИ кога велам не, знај дека те сакам
И кога велите „не“на неговата љубов, знајте дека сте лудо вљубени во него, но дали и доволно храбри за да се борите за љубовта покрај сите негови недостатоци.
jadat_i_go_bacuva„Јас цврсто верувам дека...“
Време е да го промениме вашето мислење околу бајките за мажите и сексот.
koj_vlozuva_povekeМашка V.s Женска лубов
Кој кого повеќе сака во врска, кој повеќе вложува во врската - одговор на едно место!
gleda_niz_prozorЗа што зборуваат кога не се со вас?
Секоја девојка потајно сака да дознае за што зборува нејзиното момче со другарите.

Што ви кажуваат неговите секс–сигнали?

gol_maz_vo_javnost

И овој пат ќе го продолжиме муабетот за мажите и дешифрирањето на нивната комплицирана психологија. Зборуваме за неколкуте смешни изјави и зошто понекогаш чудно се однесуваат, но овој пат ќе начнеме посериозна тема.

Претпоставувате за што станува збор, нормално за секс. Зар има нешто посериозно од тоа сексот да не оди како што треба. Секс знаците од вашиот партнер многу ќе ви помогнат да ја решите дилемата во креветот и да дознаете зошто не е секогаш расположен за тоа.

И овој пат ќе ве повикаме да споделете со нас лично искуство и секако свое мислење за чудните постапки што мажите понекогаш ги прават.

Никогаш не го прави првиот чекор в кревет!

Сигурно ќе се изненадите кога ќе чуете и првата реакција ќе биде дека тоа не е можно. Маж да не сака буквално да ѝ се фрли на девојка која гола го чека в кревет!? Е па, драги мои, ние налетавме и на таков проблем.

И како сега да најдеме логично објаснување за ова. Ќе почнеме со претпоставки: можеби не може да се отпушти бидејќи е тазе во врска, можеби смета дека на тој начин ќе покаже дека има сериозни намери, можеби на тој начин ја зголемува самодовербата...

А што ако му се допаднало чувството некој да го милува и бакнува за на крај да стигне до фазата на препуштање. Кога подобро ќе размислите вам секоја вечер преку нежности ве освојуваат или кажано со други зборови ве молат за да уживате.

Како и да е, старото добро правило вели, разговарајте! Сé што ве мачи и ви фали во сексот нема да го добиете со молчење бидејќи без разлика колку долго сте заедно никој не може да знае што вам ви се допаѓа, а што не.

Повеќе сака да гледа порнофилмови отколку да има секс со мене!

Во никој случај не може да се каже дека е нормално некој да преферира порнофилм во однос на секс во живо. Доколку вашиот партнер навистина е опседнат со гледање такви содржини, тогаш подобро е да си најдете нов, во спротивно ќе останете вечно незадоволена.

За почеток обидете се да откриете која е причината. Можеби постои некој проблем во креветот доколку тој одеднаш го смени вкусот и поинтересно му стане гледањето порнофилм. Разговарајте со него и внесете свежина во сексот.

Постојано ми вели дека сака секс во тројка?

Ова и не е толку сериозен проблем бидејќи не смеете да се лутите за неговите фантазии. За разлика од жените мажите се поотворени и не се срамат да кажат што имаат на ум, но тоа не ги прави поперверзни.

Секс во тројка, уште една машка фантазија и начин да се докаже машкоста во смисла дека е потребно многу повеќе за да се задоволи неговиот сексуален апетит. Ако навистина ви пречи и ве навредува тоа што постојано ви вели дека би сакал да проба, вие едноставно кажете му дека и вие сте подготвена на тоа, само треба да најдете уште едно добро момче како него. Видете ја сега неговата реакција.

Не сака да има секс со мене!

Друго е да не сака да го направи првиот чекор, а сосема трето е воопшто да не сака да спие со вас. Но, тоа не значи дека човекот е хомосексуалец. Можеби сте една од ретките која не го привлекува во никаква смисла.

Постои опцијата вие погрешно да сте го разбрале, но ако сепак сте сигурна во сигналите што ги добивавте од него, обидете се и направете го првиот чекор. Можеби човекот нема доволно искуство и се плаши да ви пријде.




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Проверете ја вашата граматика дури и во средината на разговорот. Не дозволувајте збунетоста да направи да оставите лош впечаток кај потенцијалниот партнер.                            

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Не влегувајте денес во нешто од кое нема да можете да излезете. Фактите се тука, но можно е да не ги знаете сите детали. Поттргнете се од секој кој е очаен да се обврзе!                            

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Ова е зафатен ден за вас, но се е добро. Ќе ги покажете вашите способности за мултитаскинг и флертување со пријателите, колегите и клиентите. Забавувајте се!                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес претрупаноста со работа треба да ја разбиете во мали делчиња за кои треба да се погрижите, а дури и тогаш ќе бидете преоптоварени. Не срамете се да побарате помош!                              

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Вашиот ум денес остро размислува што ви се случува во домот и на работа. Енергијата подобро потрошете ја на решавање проблеми отколку на правење планови.                            

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес можете да реагирате бргу, имате енергија за тоа. Дури и да имате многу пречки и прекини ќе успеете ако имате доверба.                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Денес ќе развиете вкус за нешто сосема ново, можеби нов вид на храна или нешто сосема лудо. Тоа ќе ве одведе на пат, кој никој не би го очекувал од вас.                              

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Нешто ќе ви го привлече вниманието рано денес и може ќе се постават прашања од кои ќе ви заѕвони ѕвончето. Треба се да се реши веднаш, побарајте помош!                                

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Не можете јасно да размислувате. Не грижете се, само излезете надвор и правете работи од кои крвта ќе ви пулсира, потоа се ќе дојде само.                                

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Вашата ментална состојба денес доживува невообичено ниво на јасност, па искористете го тоа мислејќи на најтешките проблеми. Ќе дојдете до откритие!                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Треба да покажете дека вашата креативна страна е се уште активна. Секако дека е, но потребно е вашите луѓе да го видат плодот од тоа.                              

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Денешните чудни проблеми бараат креативни решенија. Нека ве поддржат пријателите и колегите за паметните идеи полесно да излезат на површина.                            

23-05-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?