1_zgrbavenaВашето тело нека зборува колку сте...
За да не оставите погрешен впечаток, внимавајте на позицијата на телото!
Corbis-42-29002077Секој ден - Свети Валентин!
Секој ден нека биде ваш Свети Валентин затоа што вие сте родени еден за друг, а секој ден за љубов!
shok3 негови шокантни признанија
Под услов да немате историја на неосновани напади на љубомора послушајте го вашиот стомак.
15.09never1Што не смеете да простите во врската
Тој никако да најде две минути дневно за да ве побра на телефон или два часа неделно за да ве однесе на поинаква вечера.

Чудните постапки на мажите

mrzliv_maz

Понекогаш мажите навистина чудно се однесуваат. Во тие ситуации само си ја потврдувате тезата дека навистина се како мали деца. Колку пати сте се обиделе да ги разберете, но никако не успевате.

Дали ние сме виновниците што дозволивме така да се однесуваат или, пак, тоа им е во крвта? Како и да е, лек тешко се наоѓа. Единствено што ви останува е да се изнасмеете следниот пат кога ќе направи такво нешто.

Изнасмејте му се в лице и не молете го на сила да ве послуша. Оставете да видите до каде ќе тера со својата тврдоглавост. Нормално дека нема да признае, но верувајте дека ќе му стане повеќе од јасно кој е во право.

Ќе гори од температура, но нема да оди на лекар.

Вие му кажувате дека не може само од себе да му помине, а тој упорно лежи и нема намера да стане од креветот. Чаеви, лимони, апчиња, тоа заборавете. Зар навистина мислат дека некој ќе помисли дека се слабаци ако признаат дека им е лошо?  Сега некој нив ќе им кажува како треба да прават и што да пијат. Некој си таму лекар, па што ако има диплома, тоа не значи дека може да наредува.

Нема што да облече, но сепак не сака да оди во шопинг.

Постојат две категории мажи, оние што внимаваат на стилот и оние што не внимаваат. На оние вторите навистина им е тешко кога треба да излезат во град и да бараат фармерки. Што се однесува до нив, би го носеле истиот чифт цел живот, само штета што не се железни. Оние што имаат браќа, знаат колку кавги има кога господинот треба да купи нешто за облекување. Залудно потрошени нерви и време во шетање по продавници кога на крајот вие самите ќе излезете и ќе му одберете нешто.

Ќе умре за вода, ама нема да отиде и да си наполни.

За ваквото однесување не знам кој би можел да даде одговор. Ако треба, ќе чека со часови, но нема да стане сè додека вие не станете за да ви рече: "Ај, донеси ми чаша вода!" А за средување на алиштата можете само да сонувате. Ви останува да го прашате зошто така прави, но се сомневам дека ќе слушнете некој паметен одговор. Или, пак, тренирајте го, следниот пат не му подавајте вода.

Може и со часови да вози во погрешна насока, но нема да ги послуша вашите совети.

Кога маж е во автомобил, тоа значи дека можете да се олабавите бидејќи сè е под негова контрола. Се наоѓате во негов простор кој нормално многу добро го познава и владее. Тие се снаодливи, имаат чувство за ориентација, ги знаат сите можни патишта и раскрсници. Која сте вие да му кажувате дека треба да сврти десно кога не ги ни познавате знаците, па зарем заборавивте, вие сте само жена. Зарем жена може повеќе да се разбира во автомобили и пат од маж?

И да нема што да гледа на телевизија, нема да ви го даде далечинскиот управувач.

Зарем не знаевте дека кога купувате телевизор постои правилник во кој вели дека далечинското припаѓа на машката популација? Следниот пат купете си два телевизора бидејќи мали се шансите да ја добиете битката. Тој знае што е најинтересно за гледање, а ако сакате нешто конкретно, само кажете му и тој ќе ви пушти. Вас едноставно не ве бидува за тоа, не знаете умешно да вртите по каналите и да избегнувате реклами.




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Проверете ја вашата граматика дури и во средината на разговорот. Не дозволувајте збунетоста да направи да оставите лош впечаток кај потенцијалниот партнер.                            

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Не влегувајте денес во нешто од кое нема да можете да излезете. Фактите се тука, но можно е да не ги знаете сите детали. Поттргнете се од секој кој е очаен да се обврзе!                            

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Ова е зафатен ден за вас, но се е добро. Ќе ги покажете вашите способности за мултитаскинг и флертување со пријателите, колегите и клиентите. Забавувајте се!                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес претрупаноста со работа треба да ја разбиете во мали делчиња за кои треба да се погрижите, а дури и тогаш ќе бидете преоптоварени. Не срамете се да побарате помош!                              

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Вашиот ум денес остро размислува што ви се случува во домот и на работа. Енергијата подобро потрошете ја на решавање проблеми отколку на правење планови.                            

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес можете да реагирате бргу, имате енергија за тоа. Дури и да имате многу пречки и прекини ќе успеете ако имате доверба.                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Денес ќе развиете вкус за нешто сосема ново, можеби нов вид на храна или нешто сосема лудо. Тоа ќе ве одведе на пат, кој никој не би го очекувал од вас.                              

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Нешто ќе ви го привлече вниманието рано денес и може ќе се постават прашања од кои ќе ви заѕвони ѕвончето. Треба се да се реши веднаш, побарајте помош!                                

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Не можете јасно да размислувате. Не грижете се, само излезете надвор и правете работи од кои крвта ќе ви пулсира, потоа се ќе дојде само.                                

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Вашата ментална состојба денес доживува невообичено ниво на јасност, па искористете го тоа мислејќи на најтешките проблеми. Ќе дојдете до откритие!                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Треба да покажете дека вашата креативна страна е се уште активна. Секако дека е, но потребно е вашите луѓе да го видат плодот од тоа.                              

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Денешните чудни проблеми бараат креативни решенија. Нека ве поддржат пријателите и колегите за паметните идеи полесно да излезат на површина.                            

23-05-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?