work_workНајдете златна средина помеѓу љубовта и работата
Треба да знаете како да направите баланс помеѓу приоритетите во животот.
kapa4 правила за исполнета врска
Еве кои принципи може да бидат ваша инспирација за долга љубов и врска од соништата!
mazsocvetИзненадете го со романтика!
5 романтични работи на кои мажите не можат да останат рамнодушни.
izludete_go_na_10_dena_odmorКако да го излудите за 10 дена одмор?
Бидете смела и несекојдневна во предлозите за нов состанок!

Нешта за кои тој сака да го излажете

couple_cuddle_in_bed

Можеби ќе се замислите дали сме во право, но мажите сакаат да ги излажете за некои работи. Всушност, обидете се да се сетите колку работите ќе беа поинакви, ако ништо друго ќе се поштедевте од кавги, ако не знаевте одредени факти за него.

Всушност, тука и не станува збор за лажење, туку за премолчување на вистината. Не залудно рекле дека вистината боли. Не велиме дека треба да лажете, но извртете ја приказната во ваша полза.

Еве ги ситуациите кога треба да го сторите тоа:

Колку е надарен?

Забрането ви е да кажете: лелееее колку ти бил мал!

Ретко дека некое машко ќе ве праша дали е доволно голем за вас, но знајте дека треба да ја избегнете темата. Нормално дека ќе го кренете неговото его ако кажете дека му е преголем, но што ако не му е? Мажите се осетливи на таа тема и ретко кој од нив е задоволен со големината. Сигурно сте слушнале за синдромот „мал пенис". Всушност најважно од сé е да врши работа.

Еве како да кажете: ако се најдете во ситуација да мора да одговорите на вакво прашање, едноставно кажете дека сексот е супер и дека сте многу среќна.

Дали ви е најдобриот љубовник што сте го имале?

Забрането ви е да кажете: со него го имав најдобриот секс во живот!

Со ова сте го уништиле во поим. Тој сигурно многу пати се прашувал дали е подобар од претходниот, па сега му недостигаше и вашата потврда дека не е. Единствено што му останува е да почне да се труди, па да ве малтретира да имате односи секоја вечер по пет пати или, пак, ќе створи комплекс што ќе го избрка од вас.

Еве како да кажете: сексот со тебе е одличен.

Дали ви се допаѓа неговата мајка?

Забрането ви е да кажете: мајка ти е навистина лоша жена!

Размислете, кому би му се допаднало да чуе ваков коментар за сопствената мајка. Нема потреба да се жалите кога и онака ја гледате еднаш во месецот. Издржете и бидете културна. Ако работите станат посериозни, тогаш објаснете му како се чувствувате и зошто така мислите за неа. Можеби тој ќе ви помогне да најдете заеднички јазик.

Еве како да кажете: не ја познавам доволно, но се надевам дека е фина штом ти си и син.

Со колку партнери сте спиеле.

Забрането ви е да кажете: пред тебе сум била со петмина партнери, а со едниот од нив излегував цела година.

Без разлика колку е либерален и со напредни сфаќања, нема да му се допадне кога ќе чуе дека бројката е повеќе од еден. Нормално дека никој не очекува да останете девица до брак, но сепак ваквата информација ќе го смени неговиот поглед. Најдобро е да кажете дека сте биле со еден, може и двајца, и закопајте ја темата.

Еве како да кажете: пред тебе имав само една сериозна врска.

Дали некој од неговите пријатели е секси?

Еве што не смеете да кажете: значи, имаш многу секси другар, какво тело има...

Нормално дека нема да ви се налути бидејќи тогаш ќе изгледа како вистински идиот, но таквата изјава ќе направи да се чувствува очајно. Ќе почне да мисли дека вие сте свесна за неговите мани и не сте толку задоволна од изборот. Ова особено може негативно да се одрази на сексот.

Еве како да кажете: навистина сте убаво друштво, кој од кој поубав.




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Проверете ја вашата граматика дури и во средината на разговорот. Не дозволувајте збунетоста да направи да оставите лош впечаток кај потенцијалниот партнер.                            

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Не влегувајте денес во нешто од кое нема да можете да излезете. Фактите се тука, но можно е да не ги знаете сите детали. Поттргнете се од секој кој е очаен да се обврзе!                            

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Ова е зафатен ден за вас, но се е добро. Ќе ги покажете вашите способности за мултитаскинг и флертување со пријателите, колегите и клиентите. Забавувајте се!                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес претрупаноста со работа треба да ја разбиете во мали делчиња за кои треба да се погрижите, а дури и тогаш ќе бидете преоптоварени. Не срамете се да побарате помош!                              

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Вашиот ум денес остро размислува што ви се случува во домот и на работа. Енергијата подобро потрошете ја на решавање проблеми отколку на правење планови.                            

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес можете да реагирате бргу, имате енергија за тоа. Дури и да имате многу пречки и прекини ќе успеете ако имате доверба.                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Денес ќе развиете вкус за нешто сосема ново, можеби нов вид на храна или нешто сосема лудо. Тоа ќе ве одведе на пат, кој никој не би го очекувал од вас.                              

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Нешто ќе ви го привлече вниманието рано денес и може ќе се постават прашања од кои ќе ви заѕвони ѕвончето. Треба се да се реши веднаш, побарајте помош!                                

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Не можете јасно да размислувате. Не грижете се, само излезете надвор и правете работи од кои крвта ќе ви пулсира, потоа се ќе дојде само.                                

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Вашата ментална состојба денес доживува невообичено ниво на јасност, па искористете го тоа мислејќи на најтешките проблеми. Ќе дојдете до откритие!                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Треба да покажете дека вашата креативна страна е се уште активна. Секако дека е, но потребно е вашите луѓе да го видат плодот од тоа.                              

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Денешните чудни проблеми бараат креативни решенија. Нека ве поддржат пријателите и колегите за паметните идеи полесно да излезат на површина.                            

23-05-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?