
И овој пат ќе продолжиме со целта што ја поставивме пред некој ден. Станува збор за дешифрирање на машките изјави. Во оваа статија акцентот ќе го ставиме на нашата омилена тема, секс.
Колку и да планирате вечерта да имате секс со него, сигурно дека нема да влезете кај него в соба, да го турнете на кревет, да се соблечете и да му кажете ајде извади го. Или би го сториле тоа? Можеби да, по година дена забавување.
Но, затоа тој нема проблем со временски рокови. Може да го извади за вас во кое било време и на кое било место. Нормално не е глупав отворено да зборува за тоа. И тие си имаат свои тактики што ќе се обидеме да ги пробиеме.
Што вели кога сака само секс?
Вели: Ова ни е шести состанок, така? А утре кога требаше да станеш за на работа? Овде многу е топло или мене така ми се чини?
Мисли: Ајде да имаме СЕКС?
Вели: Среде оргазам кажува ТЕ САКАМ!
Мисли: Многу ми се допаѓа како се бакнуваш, лижеш, ме допираш...
Вели: (по водење љубов) Сакаш да ти дадам албум да гледаш слики?
Мисли: Кој знае дали мисли на бившото момче, а дали сум подобар од него.
Вели: Од кога не сме се виделе, а баш си помислив на тебе пред некој ден.
Мисли: Сув сум веќе 3 месеци, очајно ми треба секс!
Вели: Јас не сум за сериозна врска.
Мисли: Ако сакаш една партија секс, ако не чао.
Вели: Со колку партнери досега си била?
Мисли: Кој знае кој број го носам јас.
.gif)






















.gif)























