
Мислевме, мислевме, мислевме и конечно се сетивме, и мажите и жените имаат нешто заедничко. И двата пола лажат за бројот на партнери со кои спиеле. Сетете се на правилото со бројот 3. Кај жените додавате плус 3, а кај мажите одземате минус 3 и ја добивате вистинската бројка.
Не можеме со сигурност да тврдиме дека правилото важи за сите, но факт е дека мажите сакаат да бидат етикетирани како искусни, а жените како невини. А ако добро размислите, ќе заклучите дека подеднакво сме искусни. Секогаш кога маж спие со жена, и жена спие со маж. Затоа не верувајте во неговите приказни дека тој спие наоколу со куп жени.
Сепак, постои една разлика во целата оваа ситуација. За разлика од жените, мажите не се сеќаваат на сексот со секоја партнерка. Жената ги памети сите сочни детали, како бил облечен, како мирисал, како изгледал додека мижел, како му се затегнувале мускулите додека бил одозгора.
Мажите прават само класификација на добар и лош секс, а може да налета и нешто како секси нозе, добар задник или големи гради. Многу често се случува маж да заборави дека спиел со некоја девојка. Нормално да ја сретне на улица или да се замисли ќе се сети, но вам не ви треба ни секунда и целата вечер ви е пред очи.
Средбата на улица, е тоа е интересен момент. Бидете спокојни, сепак не се и тие без чувства. Нормално дека ќе се сети на вечерта што ја поминал со вас. Ако си поминал убаво, ќе помисли на вас најмалку двапати до крајот на денот. Сепак, не може да се избрише минатото, а нема ништо лошо да се живее со убавите спомени.
.gif)






















.gif)























