
Ако сте во врска подолго време, не можете да очекувате дека секој ден поминат со него ќе биде исполнет со возбуда. Монотонијата е неизбежна. Работата е да успеете да направите таа да трае кратко.
Како мажите размислуваат на таа тема?
Иван (26) Јас кревам раце кога врската ќе стане навика. Не велам дека таа е виновна за тоа, но нема смисла да туркаш нешто со сила. Искрено, тогаш мислам само на раскинување, за што побрзо да се ослободам од чувството на здодевност.
Дејан (24) Ако некој реагира на време, врската може да се спаси од монотонијата. Но, по подолго време тоа станува неподносливо. Од почит кон убавото минато и некогашната страст, не е фер да залажувам некоја со повици и средби што ништо не ми значат.
Зошто мажите ги плаши навиката?
Таква врска не сака никој, но проблемот со мажите е тоа што најмалку сакаат живот по навика. Тие немаат навика да мијат заби, а камоли да одржуваат нешто што повеќе не ги возбудува. Оттука и одговорот зошто веднаш размислуваат за раскинување.
И жените трагаат секогаш по нешто ново, со тоа одамна расчистивме, но на крајот ја прифаќаат улогата што им ја доделила судбината. Девојка, сопруга, мајка, важно е да се биде најдобар во тоа. Нивната борбеност нема да им дозволи така лесно да се предадат.
Слобода, слобода и само слобода, тоа е главното мото на секој маж. Тешко им оди да се приврзат и да се смират, но уште потешко и да истраат во таквото секојдневје. Навиката ги задушува до степен на побудалување. Тоа ти е исто како да вратиш на час ученик кој планирал да избега. Тие 45 минути му се цела вечност.
Ако зборуваме за навика и здодевност, одамна заклучивме дека жените се првите жртви. Но, тие нема да седат и да чекаат. Ако е потребно и ќе смислуваат кавги само за да ја размрдаат работата. Но, маж како маж, ќе молчи, ќе собира и ќе се отвори кога веќе е доцна.
.gif)






















.gif)























