kuce_so_tasnickaНајмоќното секс-оружје се крие во вашата чанта
Мало, но практично. Може да го возбуди за помалку од 60 секунди.
vibrator3Топ 6 секс-играчки за вашата врска
Според анкета на NotForMen:17% од македонските жени користеле секс-играчка.
sexВистината за вашите пропуштени оргазми
86% од жените редовно глумат оргазам.
1_zgrbavenaВашето тело нека зборува колку сте...
За да не оставите погрешен впечаток, внимавајте на позицијата на телото!

Што ако тој е жена на еден ден...


couple_enjoy_romantic_dinner

Дали некогаш сте посакале да бидете маж? Сигурна сум дека Да. Си велите за нив сè е толку поедноставно. Не мора да одиме подалеку, еве да почнеме од дома. За синчето секогаш има посебен третман.

Вие не смеевте да помислите дома да се појавите со слаби оцени или, пак, да излегувате уште од 6. одделение. За автомобил полагавте пред некоја година, тој уште нема наполнето 18 години, а веќе му уплатиле часови.

Ни во сферата на љубовта работите не се нешто поинакви. Да можевте да бидете без чувства, да не се заморувавте со озборувања, ќе ги бркавте најубавите девојки во градот без око да ви трепне што и како ќе биде во иднина.

Зошто секогаш ние сме несфатената страна? Толку ли е тешко да се почитуваат неколку наши барања? Колку е само комплициран женскиот свет. Но, што ако ви кажеме дека можете да ги замените улогите на еден ден. Што е првото нешто што би го сториле како маж?

Додека чекаме на вашите одговори, ве оставаме да се забавувате со нивните:

Роберт (25) Би се скарал со партнерот за да можам сè да му плеснам во фаца. Ретко кој може да надитри жена, секогаш не оставаат со затворена уста.

Мажите одамна заклучиле дека со жена не можат да излезат на крај. Тие можеби се жалат дека премногу зборувате, но всушност страдаат што не може да бидат како вас. Жените секогаш знаат да ги најдат вистинските зборови и во најбаналните ситуации, тоа е тоа што мажите го посакуваат, а го немаат.

Андреја (28) Би натерал некој тип да ме изнесе на вечера за да не мора да потрошам ни денар.

Еве девојки зошто е убаво да сте жени. Ве собираат од пред куќа, ве третираат како принцези и на крај ве враќаат во замокот. И да сте почестиле машко, тоа било еднаш во годината за разлика од нив кои тоа го прават секојдневно.

Јане (24) Кога би бил жена на еден ден, би сакал да видам колку мажи можам да натерам да станат за јас да седнам во автобус или, пак, да ми отворат врата.

Еве ја и втората причина зошто е убаво да се биде жена. Доволно е да облечете пократко здолниште и да им го свртите паметот. Ако треба и да се натоварени со кеси и торби, ќе станат кога ќе се појавите со невината фаца.

Стефан (32) Цел ден би го поминал во спа-центар, само жените знаат да си го допуштат тоа и вистински да уживаат.

Маж никогаш нема да одвои пари за себе, особено за разубавување. Попрво ќе ги потроши парите на пиво или на цигари отколку да појде на релаксирачка масажа. Не е ни чудно што отсекогаш се восхитувале на женската елеганција и на нивната способност да внимаваат на себе.

И девојки, кој е заклучокот за денеска?

Очигледно дека не сме само ние што сакаме смена на улогите. И ние имаме предности што тие ги посакуваат. Најважно од сè е да бидете благодарни што сте жени. Сетете се дека секоја од вас е едно неповторливо суштество. Од вашата улога зависат многу луѓе, всушност целиот универзум.



 
Unique-avgust
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Брзањето нема да ве одведе никаде денес, ако сте среќни! Ако не сте може да завршите многу поназад отколку вчера, а тоа не можете да си го доволите.

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Вашиот живот цвета како рана пролет и ќе се пронајдете себе си разговарајќи со странец во некоја интересна насока. Проверете дали луѓето се подготвени да стојат до вас!

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Имате навистина тешка листа со задачи која ви стои пред лице. Добрата вест е што ја имате потребната ментална енергија за го средите тоа. Пронајдете нов начин да ги следите работите.

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес силно посветете се на малите детали. Нешто не е сосема во ред, но ако вистински обрнете внимание ќе сфатите што се случува.

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Добро време е да се посветите на себе и да ја смирите социјалната енергија. Размислете одново за вашите планови и за минатото. Затворете ја вратата и најдете некое тивко место.

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес ќе достигнете сериозно кул достигнување, можеби нема ни да сфатите дека целите натаму. Истапете и направете вистинска разлика во вашиот живот.

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Ваш пријател се обидува да ве натера да ги гледате работите малку поинаку, a вашиот ум е доволно отворен да ја прифати неговата понуда. Тоа не значи дека треба целосно да се премислите!

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Обидете се поново да ја воспоставите изгубената врска, без разлика дали е професионална, пријателска или љубовна. Верувајте повторно ќе ви бидат потребни луѓето на кои некогаш целосно се потпиравте.

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Побарајте било што денес, на крај ќе излезе по ваше. Некое време ќе мора да чекорите без тоа што го сакате, но на крајот ќе го извлечете максимумот од ситуацијата.

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Дистанцата не е пречка за вашиот комуникациски стил денес, можете практично да читате умови и покрај километрите раздалеченост. Истражете ги опциите и посегнете по оние кои треба да ви ја чујат пораката.

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Не сте сосема сигурни што се случува со вашите луѓе, сите како да глумат и да ве лажат во очи. Добрата вест е што фазава нема да трае долго и работите ќе се вратат во нормала.

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Вашата најблиска врска ви го прави животот забавен денес и тоа значи дека дефинитивно сте на вистинското место да побарате услуги или помош. Време е за социјализирање!

10-02-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

News image

Seann William Scott

News image

Charlie Sheen

News image

Jason Priestley/Luke Perry

News image

Russell Crowe

Успеав да го добијам работното место со... (потсетување: анонимно!)