
Постојано се обидуваме да го декодираме машкиот мозок, зошто молчи, што му се мота во глава додека се караме, а всушност дали воопшто мисли на нешто? Но, за една работа бидете сигурни дека мислат. Секс... да без тоа не може, но мислат и на нивниот пенис.
Дали сте забележале дека мажите премногу се опседнати со нивниот пенис? Озбилно, ние жените никогаш не креваме врева околу нашата вагина. Ја депилираме, ја негуваме и толку. Не ја рекламираме пред пријателките, а камоли да земеме и да ги споредуваме.
Лично познавам тројца дечки кои својот пенис не го вадат од уста. Една пријателка излегуваше со еден од нив, но претпоставувате не за долго. Цел свет се вртеше околу неговиот пенис. Сите шеги, сите искуства од минатото беа поврзани со големината на неговиот пенис и како на моменти дури му "смета" што е толкуууу долг.
Кога девојка ќе земе да се чеша доле во јавност, а камоли да земе да држи говор за нејзината вагина? А што е со групното мастурбирање? Скоро и да не постои маж што не мастурбирал со своите другари. Тешко на тој, чиј пенис паднал во категоријата мал, и да му е стандарден, што обично е така, до крајот на животот ќе има комплекс.
Нема логика толку да се крева врева околу половиот орган, нели? Вагина и пенис, иста играчка во различно пакување. Не можевме, а да не прашаме: ЗОШТО Е ПОДОБРО ДА ИМАШ ПЕНИС ОТКОЛКУ ВАГИНА?
Еве што ни одговорија момците:
Можеме да мочаме каде сакаме, не мора да се соблекуваме како вас!
Нас, не не боли кога за прв пат имаме сексуален однос!
И девојките сами признаваат дека пенисот е почист!
И да сме девици, никој нема да забележи!
Ако нека си мислат дека се во предност, нас нема да ни смета се додека почесто размислуваат со горната глава, а не долната!


















































