
Често се зборува за способноста на жените да го одглумат оргазмот за време на сексот, но се чини дека тоа не е резервирано само за нив. Истражувањата покажуваат дека и мажите одвреме-навреме глумат оргазам.
Заедно со ерекцијата, машкиот оргазам пристигнува со серија контракции, по кои следи ејакулацијата. Веднаш по тоа, пенисот се спушта. Сигурно мислите дека е невозможно мажот да одглуми оргазам бидејќи ерекцијата и ејакулацијата не можат да останат незабележани.
Многу лесно, кога мажот има презерватив и ејакулацијата не е видлива како кога е без презерватив, во одредени ситуации не можете да бидете апсолутно сигурни, па ако прашате, тој може да ви каже: „Ејакулирав, но излезе мало, незабележливо количество." Но, не треба да бидете загрижени бидејќи жените се тие што многу повеќе глумат во вакви ситуации. Додека, пак, ако забележите дека тој често го прави тоа, тогаш потребно е да разговарате со него. Само внимателно, бидејќи кон проблемите во креветот треба да се пристапи разумно, без притисок и оптужување.
А сега сигурно се прашувате што би ги навело мажите да глумат оргазам. Еве неколку причини:
1.Премногу алкохол...
Далеку од тоа дека алкохолот стимулира бидејќи алкохолот има депримирачко дејство врз мозокот, а мозокот има важна улога во сексуалната реакција. И додека малото количество алкохол може да му помогне да се отпушти и да ја подигнете неговата самодоверба за време на сексот, големото количество алкохол може да има негативни последици меѓу кои и намалената можност за постигнување оргазам.
2.Стрес..
Емотивните и менталните „деформации" во кои било сегменти може да ја намалат ејакулацијата. Ако тој се фокусира на стресот, а не се концентрира на сексот со вас, нема да биде во состојба да ужива во моментот на задоволство.
3. Несоодветен презерватив...
Ако презервативот не му одговара, ако е премал, може да го ограничи дотокот на крв во пенисот, особено ако презервативот е ставен пред целосната ерекција, а тоа секако влијае и на оргазмот. Многу од мажите сметаат дека презервативите се нужно зло. Иако презервативот е неопходен за сигурниот секс, има некои мажи што не се чувствуваат комотно кога го користат презервативот, а тоа им влијае на уживањето и на оргазмот.


















































