
Пред да почне врска со вас, вашиот партнер имал долга и сериозна врска со друга личност. Не е лесно да дознаете дали вашиот нов партнер покрај сè, целосно и засекогаш ја преболел својата бивша девојка....освен ако ги знаете работите на кои треба да обратите особено внимание...како на пример:
- Прави споредба
Мажот кој и покрај сè не ја заборавил својата бивша девојка, секогаш наоѓа начин како да ја прошверцува во секојдневните разговори....дури и тогаш кога сака да ви даде комплимент. Бидете претпазливи ако ви каже: „Ти си многу послатка и подобра од неа!"Можеби звучи супер, но ваквиот момент всушност укажува на тоа дека тој сè уште е емоционално врзан за неа.
- Ве покажува на сите
Посветете внимание на акцијата што бившите ја преземаат за да предизвикаат љубомора. Премногу честите излегувања на местата на кои тој секогаш излегувал со неа, меѓу нивните заеднички пријатели, може да бидат алармантни. Вашите заеднички фотографии на Facebook или на MySpace се слатки, но размислете дали тие се ставени таму само за да ве развеселат или, пак, да изнервираат некого.
- Личите една на друга?
Слични сте како јајце на јајце. Немојте да се залажувате дека можеби има точно одреден тип жени што му се допаѓаат. Сигурно, потсвесно ја барал таа што најмногу ќе го потсетува на неговата бивша. А тоа само значи дека сè уште не е подготвен за нова љубов, а тоа сте, за жал - вие!
Не ви е јасно...
Зошто и покрај сè тој се труди да не заплаче?
„Возрасните мажи сметаат дека вистинските мажи никогаш не покажуваат емоции", вели доктор Warren Farell, автор на книгата Why Men Are What They Are. Супермен не плаче, па затоа нема ни тој. Но, постои и биолошка причина: нивните канали за солзи се многу помалку на број отколку кај жените, па затоа не им е лесно да одглумат „фонтана". Но, ако навистина му доаѓа да заплаче, објаснете му дека покажувањето на емоциите не го сметате за знак на слабост. Ќе му биде многу полесно ако не се плаши од тоа дека во вашите очи ќе испадне вистински „мекуш".


















































