
Без оглед на тоа дали сакаме тоа да го признаеме или не, долната облека е една од работите што најмногу ја будат фантазијата на обајцата партнери. Телото завиено во тајновитост на мажите им е поинтересно, а жените ги прави свесни за својата сексуалност. На повеќето мажи, жена облечена во секси долна облека им е двапати посекси од сосема гола жена. Кога жената е облечена во секси долна облека, нејзиното тело е обвиткано во мистериозност. Долната облека е обликувана така што ги нагласува женските облини и создава впечаток на подобар изглед.
Секси долната облека создава визуелна поврзаност меѓу слатката жена и изглед на жена која е свесна за својата сексуална привлечност. Голем број жени тврдат дека убавата долна облека може да влијае на нивното мислење за себе, бидејќи во неа се чувствуваат привлечно и секси.
Еве што мислат читателките на Notformen за ова:
Мартина 22
Ммм... мојот партнер сака да сум намирисана и секси облечена..Но, само за него.. и да не му е до секс, сепак ќе падне во искушение..
Ивана 25
И моето момче сака да носам секси долна облека (понекогаш и не му е важно дали воопшто ја имам на себе). Го знам неговиот вкус мноооогу добро и точно знам што сака.
Ангела 23
Се трудам да сум секси, а и да се чувствувам своја во тоа што го носам. Па си одбирам полутанга гаќички, без чипка или ако веќе има да не е тоа претерано. Градник кој малку ги истакнува градите, кои и така ги немам и ако сето тоа е во црвена боја сум погодила ептен.
Катерина 28
Мојот партнер обожава жартиери...особено црвени. Тогаш никој не е посреќен од него. Ми се чини дека дури и 3 дена по тоа се смее...или можеби само така ми се чини, бидејќи и јас сум 3 дена насмеана...






































