
Вашите инструкции во кревет ќе му помогнат да знае што ве возбудува
Ако сакате вашиот партнер да сфати дека вие сте совршената личност за него и ако сакате да го задржите, тогаш следете ги нашите совети. Овие неколку трикови ќе ви помогнат да му докажете колку се грижите за неговите чувства и колку многу сакате тој да биде задоволен и среќен покрај вас.
Дружење со неговите пријатели
Понекогаш можете да си дозволите да гледате фудбал со неговите пријатели. Седнете на троседот со екипата на вашето момче и дозволете си да испиете едно пиво со нив додека трае натпреварот за да им докажете дека и вие сте кул и отпуштена девојка. Освен тоа, тој сигурно ќе го цени вашиот труд да се зближите со неговите пријатели.
Подарувајте му подароци
Подарете му карти за натпревар или за концерото на неговиот омилен бенд. Ако успеете да најдете влезници за настанот кој веќе долго време ви го збори, ќе му докажете колку сте внимание му посветувате и колку многу се трудите.
Разменувајте нежности
Дајте му брзински бакнеж. Додека сте излезени, испратете му мал секси сигнал: бакнете го во врат или погалете го по косата. Тоа пријатно ќе го изненади, а и сигурно ќе му биде мило кога неговите пријатели ќе видат колку го сакате и колку сте внимателна кон него.
Посебна долна облека
Облечете чипкасти гаќички и градник. Во долен веш со бледорозова или некоја пастелна боја ќе изгледате женствено, нежно и невино, но и секси. Можеби и не му е толку важно каква долна облека носите, но делува.
Посетете ги неговите родители заедно
Подарете им нешто што сама сте го направиле. Колачите што сама сте ги испекле ќе ги одушеват неговите родители, а со тоа ќе им докажете колку ги почитувате и колку сте внимателна.
Секс без оргазам
Дајте му до знаење дека без разлика што не доживеавте оргазам, подеднакво уживавте. Со долгиот бакнеж по сексот ќе му докажете дека се е во ред. Следниот пат помогнете му, насочете ја неговата рака на правилното место. Не дозволувајте да се изгуби.


















































