
Секој просечен маж е во состојба цел ден да јаде скара и на крај кога ќе дојде дома да биде способен за секс
Мажите почесто се потпираат на инстинктот, посебно кога станува збор за сексот. Тие го прават она што им одговара и притоа не размислуваат многу. И во право се. Ако пробате да ги примените тие нивни тајни, ќе откриете дека тоа со себе повлекува неколку последици- посилно либидо и повеќе оргазми. Според тоа, во името на сексуалната еднаквост, одвоивме неколку машки тајни кои треба да ги украдете и да ги свртите во своја корист.
ЛЕКЦИЈА 1:
Секогаш сте посакувани
Секој просечен маж е во состојба цел ден да јаде скара и на крај кога ќе дојде дома да биде способен за секс. Но, ако ние изедеме премногу или не се чувствуваме добро, во состојба сме да го потиснеме нашиот сексуален инстинкт. Зошто? Жените понекогаш и потсвесно мислат дека не заслужуваат секс ако не се чувствуваат или ако не изгледаат совршено. Но, тоа е тотална глупост. Вашиот партнер, секогаш кога сте во асексуален филм, го чувствува тоа и затоа не сака да ве присилува на секс, а со тоа уште повеќе ве држи помислата дека не го привлекувате. Резултат? Помалку секс за двете страни. Но, кога ќе се соблечете се поминува. Тој сигурно нема да мисли на вашето мозолче или на вашата не измиена коса. Кога ќе видите колку само ќе се возбуди, тогаш ќе сфатите дека навистина нема смисла да се грижите за глупости.
ЛЕКЦИЈА 2:
Малите нешто можат да ве возбудат
На мажите не им треба многу за да се возбудат. Само ако го здогледа оној сантиметар гола кожа кој се наоѓа помеѓу ременот и маицата веднаш почнува да размислува за тоа како изгледате гола. И ете! Веќе е расположен за секс. Но жените функционираат на друг начин. Тие за сексот размислуваат само кога е време за тоа. Обидете се да бидете како мажите. Отворете се кон можностите и возбудувањата. Следниот пат кога ќе излезете во диско посветете на тоа како мириса дечкото што стои покрај вас, како изгледа, запазете детали...така ќе се научите полесно да се возбудувате кога ќе бидете со партнерот.
ЛЕКЦИЈА 3:
Се зависи од концентрација
Ние жените сме за многу работи по способни од мажите бидејќи сме во состојба да направите неколку работи одеднаш. Но, таа способност, во креветот може само да ни наштети. Жените често во текот на сексот размислуваат премногу. Не е необично да размислуваме за тоа што сакаме да направиме во креветот, но , нема потреба да се размислува за тоа како ни се тресе салото или како би било добро да отвориме прозор бидејќи е топло во собата, но што ако чујат соседите...
ЗАКЛУЧОК:
Мажите не размислуваат, тие чувствуваат. Па пробајте и вие! Или пак, ако размислувате, тогаш мислете на тоа што во моментот го чувствувате. Додека ве гали, размислувајте за тоа како вашето тело реагира. Чувствувате ли како му се топите под прстите? Ако ве мачи тоа како изгледате за време на сексот, погледајте го него. И мажите размислуваат за својот изглед, но во текот на сексот се концентрираат на својата партнерка. Гледајте го него или набљудувајте како неговиот пенис влегува во вашата вагина. На многу од жените не им паѓа на памет, но може да биде многу еротично и успешен начин за да се концентрирате.






































