
Доколку тој не е во состојба да ви помогне и за најобична ствар како отворање на сокот...ќе се чувствува како слабак
Таинствено, но примамливо е прашањето за моментот на машкото заљубување. Дали постои некој конкретен момент или настан кога момците велат: „Да, сигурен сум дека ја сакам"??? Обично жените веруваат дека мажите тешко се заљубуваат и кога велат дека се заљубени всушност мислат на квалитетниот секс што го нуди партнерката, а не таа како личност со доблести и маани.
Да откриете кога се случува фазата на неговото заљубување е скоро невозможно. Ни вие самите не знаете кога сте заљубени се додека некој не ја стави вашата љубовта под знак прашалник. Но , затоа постојат неколку моменти што со сигурност ќе ви потврдат дека тој е на добар пат да се заљуби во вас.
- ФАЗА: КОГА ЌЕ СЕ ПОЧУВСТВУВА ДЕКА ВЕ ЗАШТИТУВА.
Многу пати сме зборувале за тоа дека мажите уживаат заштитнички да се поставуваат кон своите партнерки. Доколку тој не е во состојба да ви помогне и за најобична ствар како отворање на сокот...ќе се чувствува како слабак и недоволно добар за нежна и беспомошна жена како вас.
ЗАБРЗАЈТЕ ЈА ФАЗАТА:
Со тоа што ќе го викнете да ви го поправи компјутерот или да ви ја смени гумата на автомобилот.
Ќе ви се најде во неволја на пример, ќе ве собере со кола сред ноќ бидејќи останавте без пари.
Ќе ве советува како да и помогнете на другарката да го заборави момчето што ја изневери.
- ФАЗА: КОГА И ПОКРАЈ ВАС ЌЕ СЕ ЧУВСТВУВА СЛОБОДЕН.
Ах таа нивна слобода, навистина се досадни со тоа бидејќи стварно никој нема намера да им ја одземе. Но , ете понекогаш се случува да претерате со повиците и испрашувањата каде и со кого бил...сосема доволно за неговиот луд мозок да помисли дека не сте добар кандидат за долги патеки.
ЗАБРЗАЈТЕ ЈА ФАЗАТА:
| 8 секунди им се потребни на мажите за да се заљубат во партнерката |
Со тоа што ќе се дотерате пред него, а ќе излезете со другарките.
Ќе ја почитувате неговата приватност и нема да го прашате кај бил, во моментот кога тој е 100% сугурен дека ќе падне тоа прашање.
Ќе му кажете дека се плашите од врзување за да помисли дека не е единствениот што ги поседува тие стравови.
- ФАЗА: КОГА ЌЕ ДОЗНАЕ ДЕКА ВИЕ СЕ ГОРДЕЕТЕ СО НЕГО.
Во принцип мажите се поголеми фалбаџии за разлика од жените. Често ги преувеличуваат фактите за да испаднат поголеми сезнајковци или секс-роботи. На крајот од денот и сами знаат дека никого не излажале, освен себе си. Замислите колку може да се зголеми неговата самодоверба доколку знае дека има некој што се гордее со него. Едноставно тој веќе нема да мора да се расфрла со лажни факти. Чувството ќе биде незаменливо.
ЗАБРЗАЈТЕ ЈА ФАЗАТА:
Со тоа што ќе го поканите на деловна вечера и со задоволство ќе го претставите на колегите од високата класа.
Ќе направите другите да зборуваат за тоа колку вие сте задоволна од него.
Ќе иницирате пофалби од вашите родители следниот пат кога ќе дојде кај вас на гости.
Слични текстови
- 14/01/2010 - Какви жени сакаат мажите?
- 12/01/2010 - Што знаат мажите за сексот, а ние не?
- 08/01/2010 - Што пали кај мажите?
- 28/12/2009 - Што кога ќе ве покани во кино?
- 16/12/2009 - Долната облека ја буди фантазијата
- 08/12/2009 - Дали тој сеуште мисли на бившата?
- 07/12/2009 - Грубо се однесува...не ме сака!
- 04/12/2009 - Да, и мажите глумат оргазам!
- 26/11/2009 - Зошто мажите не паметат датуми?
- 16/11/2009 - Мажите се опседнати со пенисот!


























