
Ако тој не може да запомни два датуми тогаш навистина имате право да се налутите
Жените се склони кон драматизирање на нештата, тука нема сомневање. Ни од култура не се осмели да ве праша дали ќе му се придружите во лумпувањето со другарите... е тооооааа е тема што заслужува третман. Зошто така постапи? Има нешто во план што вие не смеете да го знаете? Секако дека вие немаше да прифатите да излезете, но барем да спомнеше нешто!
Ова се само дел од испадите со кои вашиот маж се соочува секојдневно. Не сте фер играч, особено ако тој со насмевка и желби за убав помин ве испраќа на средба со пријателките. Ајде да видиме кои се најголемите драми, поради кои мажите често помислуваат дека одлепивте.
ВАШАТА ОПСЕДНАТОСТ СО ДАТУМИ
Ако тој не може да запомни два датуми, вашиот роденден и годишнината, тогаш навистина имате право да се налутите. Навистина лош е филмот сите да ви честитаат, а само тој да се сети кога веќе на денот му дошол крајот. Но правилото не важи, ако му замерите дека заборавил на кој датум прв пат се запознавте со родителите или дека 1 година, 3 месеци и 22 дена.
ПРИМЕР ОД РЕАЛНОСТА НА НИКОЛА (26):
Девојка ми запна да шетаме во парк. Едвај прифатив, бидејќи кој будала шета на минус 2. Ме фати за рака и ме однесе на една клупа и ме прашува: „Ти текнува ли што ни се случи на оваа клупа, знаеш ли денес кој ден е?" После толку време заедно и толку поминати клупи, од кај да ми текне дека таму прв пат сум и кажал дека ја сакам. Не беше лута во смисла да не ми збори, но видов дека е повредена.
ВАШЕТО РАСФРЛАЊЕ СО СОЛЗИ
Да заплачеш на погреб или ако некој те истепа, тоа се разбирливи ситуации за солзи гледано од машки аспект. Но постојаното кенкање и плачење за секој проблем за нив е еднакво на недоволна зрелост и храброст. Мажите едноставно не знаат како да се справат со расплакана жена, или ќе ве остават или ќе ви се развикаат да не се лигавите и уште толку ќе ве расплачат.
ПРИМЕР ОД РЕАЛНОСТА НА МИТЕ (28):
Не знам само кога проблемите почнаа да се решаваат со солзи. Убаво и културно и објаснувам дека не сум спремен да ја носам на свадба, а башка што сум сам поканет. Зарем треба да ја довлечкам таму и да треба да се растрчам да и донесат стол и порција. Таа зема да плаче, да збори како јас не ја сакам, како намерно сум кажал сам да ме поканат... мислам без коментар!
ВАШЕТО БРОЕЊЕ КАЛОРИИ
Ако мажите мразат нешто, тоа се жени опседнати со здрава исхрана. Нормално дека секој од нив сака девојка со топ фигура, иако не им смета и малку мевце, но тоа не значи дека треба да слушаат постојано за вашата диета. Уште потрагично е ако почнете вашите навики да им ги наметнувате, грабајќи ги слатките или пивото од нивните раце.
ПРИМЕР ОД РЕАЛНОСТА НА КИРЕ (28):
Касневме во кино зошто ништо не и стоело добро, била набиена како свиња. Буквално целиот плакар го пресели на подот, ко којзнае кој ќе ја гледа во темница. Среќа не доцневме, па можевме да купиме пуканки, јас земав мало, а таа големо пакување. Мојот коментар на тоа беше: „Па нели си дебела, што земаш тогаш големо пакување?" До крајот на вечерта имав чувство дека сам сум излезен.
ВАШАТА ОБВРСКА ДА ОДРЖУВАТЕ КОНТАКТИ СО СИТЕ
Мажите не е лесно да ги излажете кога станува збор за вистинските пријателства. Додека вие имате куп другарки, вклучувајќи ја и сестрата на бившиот, тој има 2-3 тројца другари уште од детството. Затоа не чудете се кога не може да ве разбере дека наместо со него одбирате да се видите со квази пријателките што обожаваат да ве оговараат штом го свртете грбот.
ПРИМЕР ОД РЕАЛНОСТА НА ИВАН (24):
Требаше да пазариме, бидејќи се договоривме Новата година да ја чекаме во домашна атмосфера. Во маркетот налетавме на нејзината пријателка од средно. Кога почнаа да зборуваат, немаше крај. Неколку пати ја буцнав бидејќи надвор не чекаше цело друштво, другарите дури почнаа да ми вртат на мобилен, но таа без осет. На крај и ги земав кесите од раце и демонстративно за заминав. Леле колку беше само лутаааа, како сум можел да ја понижам пред некоја што наредните 10 години сигурно нема очи да и види.


















































