si_odmaraatЛагите на мажите
Со какви лаги најчесто се служат нашите партнери?
gluv_deckoМажите се глуви за...
Помалку зборат, повеќе слушаат, никако не сакаат да слушаат за...
zaedno_citaat_knigaПружете му задоволство!
Кои работи треба да му ги пружите без да ги побара од вас?
gol_copy_copy_copy_copy_copyРазделба без болка!
Ќе се обидат да ве убедат дека времето лечи се, а како екстра утеха ќе го додадат коментарот дека тој не е за вас.

Комплексите на мажите

kompleksite_na_mazite

Долго време меѓу мажите, машкоста се мери според должината на половиот орган...

Направивме листа од неколку најчести комплекси што потајно ги потресуваат денешните мажи. Сега знаеме зошто психолозите и психијатрите се толку многу барани и добро платени.

ГОЛЕМИНАТА НА ПОЛОВИОТ ОРГАН

Долго време меѓу мажите, машкоста се мери според должината на половиот орган (апсурдна глупост). Кога скоро сите мажи излегоа од оваа заблуда, употребата на оваа навика значајно се намали, но не се искорени. Изјавата на секој просечен неженет маж е дека големината на половиот орган зазема трето место на листата на приоритети. И понатаму сите оние кои се инспирирани од порно филмовите, сонуваат да бидат како актерите во нив, сакаат поголеми, подолги и подобри полови органи. Затоа даваат многу пари на операции за издолжување на половиот орган или пак консумираат разно разни таблети или користат помaгала што гарантираат дека нивниот полов орган во најкус можен рок ќе ја добие онаа големина што тие толку многу ја посакуваат. Сепак, не се свесни дека клучот за добар секс не е во големината туку во техниката, а техниката подигнува ефективна вредност што допринесува стапка на искористување.

ИМПОТЕНЦИЈА

Уште еден од потајните стравови на мажите. Стравот од неуспех во креветот е поголем и од стравот од неуспех на работното место, а во поединечни случаи знае да доведе и до тотална паника. Понекогаш се случува „господинот" да не е расположен за секс игра колку и мажот, па таквите ситуации сериозно ја доведуваат во прашање машката самодоверба.

ВИСИНА

Просечната висина на мажите во светот е 1,77 сантиметри. Низ историјата познато е дека тој комплекс бил стимулатор за големи достигнувања. Цезар, Наполен, Луј...сите имале нешто заедничко, а тоа е нискиот раст. Мажите мислат дека ако се со низок раст имаат поголеми шанси да бидат одбиени од страна на убавите жени. До некаде за тоа се виновни и жените кои сметаат дека мажот секогаш треба да биде повисок од жената. Зошто? Колку повеќе се зголемува комплексот за растот, толку повеќе се зголемува и комплексот од ниска вредност, па ниските мажи го добиваат мислењето дека помалку вредат од другите.

ЌЕЛАВОСТ

Појавата на опаѓање на косата е предизвикана поради наследните особини или стрес, а може да настане и поради недостаток на одредени витамини. Главно, машката популација не сака да го прифати фактот дека кога влегуваат во одредени години не можат да имаат коса онаква каква што имале на 20 години.

ФИНАНСИСКА СОСТОЈБА

Уште еден симбол на машкоста-парите. Каков е тој маж без пари? Како тој маж ќе најде жена кога не може да и го плати пијалокот. Колку голем срам е кога жената заработува повеќе од мажот! Главно, колку повеќе пари имаат, толку повеќе се мажествени и пожелни. Општо познато е дека жените повеќе се „палат" на мажи кои во својот џеб имаат малку повеќе пари од останатите. Таквите мажи имаат поголеми шанси кај убавите жени отколку обичните смртници. За жал, живееме во таков свет на испревртени вредности каде никој не ги цени оние кои имаат духовни богатства во себе, а помалку пари. Појавата на „спонзоруши" е чист производ на богатите мажи. Сакаат да ја покажат својата машкост со помош на парите, бидејќи така најдобро знаат, а всушност несвесно обликуваат нов вид на жени. Тоа предизвикува уште поголема депресија кај фининасиски слабите мажи и сосема ги фрла во агонија.

ЕМОТИВНА СТРАНА

Вистинскиот маж, како што секаде се слуша и се пишува, мора да биде горд, ладен, стабилен, со тврдо срце, бескомпромисен, одлучен и без промена на своето лице да ги издржи најтешките маки. Во тие приказни нема место за тага, солзи, претерана радост или било какви силни емоции. На лоша среќа на обичните мажи, доколку мажот е емотивен тогаш тој е потенцијален хомосексуалец, а ако сака да изгледа убаво тогаш тој е метросексуалец. И што сега? Сетоа тоа произведува уште поголеми комплески кај нормалните мажи и ги претвара во ГАДОВИ!



 
Unique-avgust
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Брзањето нема да ве одведе никаде денес, ако сте среќни! Ако не сте може да завршите многу поназад отколку вчера, а тоа не можете да си го доволите.

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Вашиот живот цвета како рана пролет и ќе се пронајдете себе си разговарајќи со странец во некоја интересна насока. Проверете дали луѓето се подготвени да стојат до вас!

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Имате навистина тешка листа со задачи која ви стои пред лице. Добрата вест е што ја имате потребната ментална енергија за го средите тоа. Пронајдете нов начин да ги следите работите.

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес силно посветете се на малите детали. Нешто не е сосема во ред, но ако вистински обрнете внимание ќе сфатите што се случува.

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Добро време е да се посветите на себе и да ја смирите социјалната енергија. Размислете одново за вашите планови и за минатото. Затворете ја вратата и најдете некое тивко место.

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес ќе достигнете сериозно кул достигнување, можеби нема ни да сфатите дека целите натаму. Истапете и направете вистинска разлика во вашиот живот.

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Ваш пријател се обидува да ве натера да ги гледате работите малку поинаку, a вашиот ум е доволно отворен да ја прифати неговата понуда. Тоа не значи дека треба целосно да се премислите!

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Обидете се поново да ја воспоставите изгубената врска, без разлика дали е професионална, пријателска или љубовна. Верувајте повторно ќе ви бидат потребни луѓето на кои некогаш целосно се потпиравте.

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Побарајте било што денес, на крај ќе излезе по ваше. Некое време ќе мора да чекорите без тоа што го сакате, но на крајот ќе го извлечете максимумот од ситуацијата.

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Дистанцата не е пречка за вашиот комуникациски стил денес, можете практично да читате умови и покрај километрите раздалеченост. Истражете ги опциите и посегнете по оние кои треба да ви ја чујат пораката.

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Не сте сосема сигурни што се случува со вашите луѓе, сите како да глумат и да ве лажат во очи. Добрата вест е што фазава нема да трае долго и работите ќе се вратат во нормала.

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Вашата најблиска врска ви го прави животот забавен денес и тоа значи дека дефинитивно сте на вистинското место да побарате услуги или помош. Време е за социјализирање!

10-02-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

News image

Seann William Scott

News image

Charlie Sheen

News image

Jason Priestley/Luke Perry

News image

Russell Crowe

Успеав да го добијам работното место со... (потсетување: анонимно!)